Смени 3 аутфити, жежок танц со Милица Павловиќ, името ѝ светеше на Кулата Белград – Јелена Карлеуша направи спектакуларна промоција на двата албума
- Детали
- среда, 23 август 2023
За промоцијата на албумите, Карлеуша отиде чекор подалеку, па затвори еден дел од шеталиштето на „Белград на вода“, а на познатата „Кула Белград“, која е заштитен знак на оваа област, со зелени светла беше испишано нејзиното име.
Српската дива Јелена Карлеуша вчеравечер (22.08) во Белград ги промовираше своите два нови албуми, „Alpha“ и „Omega“ и направи спектакуларна промоција и во кафуле во „Белград на вода“.
Таа повторно воодушеви и покажа дека поставува стандарди кои тешко кој може да ги стигне или помести во Србија, па и регионот.
https://www.instagram.com/p/CwQeUa_Ihpy/
За промоцијата на албумите, Карлеуша отиде чекор подалеку, па затвори еден дел од шеталиштето на „Белград на вода“, а на познатата „Кула Белград“, која е заштитен знак на оваа област, со светла беше испишано нејзиното име.
Карлеуша ги пречека гостите во костум од латекс со високи чизми на топуци и необичен шешир.
Впечатливи беа и нејзините бели веѓи.
Таа потоа се преоблече во црни панталони со сребрен градник и огромни црни очила, па така дотерана даваше интервуја.