Милица Павловиќ (32) си направи незаборавна роденденска забава - дрес код сите во бело, кршеше чинии со другарките
- Детали
- петок, 11 август 2023
Милица Павловиќ не престана да игра и да се забавува на роденденската журка, па во еден момент со другарките почнаа да кршат чинии во ресторанот и тоа го правеа синхронизирано, според тактот на музиката.
Една од најпопуларните српски пејачки, Милица Павловиќ, вчеравечер (10 август) го прослави 32-иот роденден со голема и луксузна забава во бело.
Журката ја нарече Leo Party, бидејќи е Лав во хороскоп, а и нејзиниот нов сингл се вика „Лав“.
Милица на забавата дојде облечена во бели панталони со пердуви, кои ги комбинираше со бел топ во вид на бикини, украсен со кристали.
Таа побарала и од гостите да се дотераат во бело, па на фотките и видеата што ги објави на Инстаграм можеше да се види дека тие го испочитувале дрес кодот.
Милица на роденденот не престана да игра и да се забавува. Журката траеше до зори, а пејачката во еден момент со другарките почна да крши чинии во ресторанот.
Тоа го прават синхронизирано, според тактот на музиката.
„Отсекогаш бев подготвена со својата работа и труд да остварам сè што сакам. Зад мене е една турбулентна година која ми донесе многу среќа, успех, љубов, луда енергија.
Среќен нека ми е роденденот“ – напиша таа на Инстаграм.
Милица, која важи за една од омилените српски пејачки во Македонија, често настапува низ земјава.
А. Ј. | Црнобело