Исчезната е, сестра ѝ тврди дека е убиена, беше прва прељубница во реално шоу: Се сеќавате ли на Маријана од „Големиот брат“?
Во шоуто се караа и смируваа, а нивната врска ја направи Маријана толку популарна што победи во шоуто и освои 104.000 евра.
Кога заврши шоуто, таа и Немеш продолжија да се гледаат, а Маријана се разведе од сопругот.
Со Немеш раскинаа во 2014, но по две години сфатија дека не можат еден без друг и се венчаа.
Овој брак траеше осум месеци, по што се разведоа.
фото: Фејсбук
По љубовниот бродолом, Маријана утеха најде во својот пријател Томислав Гризељ Грик.
Таа се омажи за него, но се разведоа на крајот на 2019 година.
Маријана се омажи и четврти пат, во голема тајност, за загрепчанецот Карло Зајферт, со кого доби син.
Карло го пријави нејзиното исчезнување во полиција на 26 април 2022.
Случаен минувач ја нашол чантата со нејзините документи и мобилниот телефон на мостот Младост во Загреб, поради што почнаа сомневањата дека таа скокнала и се самоубила.
фото: Фејсбук Карло Зајферт
По исчезнувањето некои медиуми пишуваа дека таа побегнала во манастир и дека била психички растроена кога исчезнала.
Во јавноста се огласи и Немеш, кого и денес го паметат како нејзината најголема љубов.
„Слушнав пред 15 минути и уште сум шокиран. Не знам што да кажам, се надевам дека сè ќе заврши добро. Не сме биле во контакт долго време, па не знам ништо за неа“, изјави тогаш тој за српските медиуми.
Маријана сè уште не е пронајдена.
А. Ј. | Црнобело