Исчезната е, сестра ѝ тврди дека е убиена, беше прва прељубница во реално шоу: Се сеќавате ли на Маријана од „Големиот брат“?
- Детали
- недела, 13 август 2023
Една година по исчезнувањето на Хрватката Маријана Зајферт, најпопуларната победничка на реалното шоу „Големиот брат“, нејзината сестра Маја Ковачевиќ тврди дека таа е убиена. Нејзиниот сопруг Карло, кој ја видел последен, ја пријавил за исчезната.
Хрватката Маријана Зајферт, победничката на реалното шоу „Големиот брат“ во 2011 година, повеќе од една година се води како исчезната, а полицијата и понатаму трага по неа. На Маријана ѝ се губи секаков траг на 26 април 2022 година, а нејзиниот сопруг Карло, кој ја видел последен, ја пријавил за исчезната.
Една година по исчезнувањето на Маријана, нејзината сестра Маја Ковачевиќ тврди дека таа е убиена.
Маја се вклучи во емисијата „Народ пита“ на ТВ Пинк, и откри дека добила информации и докази дека нејзината сестра е убиена.
Нејзината изјава ги шокираше гостите во студиото и водителката на емисијата, Ивана Шопиќ.
Низ солзи, Маја ја раскажа својата приказна:
„Сакав да ја кажам вистината за сестра ми. Таа не се самоуби, туку е убиена. Таа се наоѓа на патеката 9, двајца мажи ја влечеле по падината 30 минути.
По роденденската забава на која била, таа се скарала со некое момче, го удрила и си заминала. Тој тргнал по неа, ја удрил со некаков алат по главата, повикал маж и тројцата се упатиле кон Сљемен. На Сљемен ја „докрајчиле“, ја убиле, додека ја влечеле по падината.
Документите што ги најдоа се така намерно наместени, човекот кој бил платен да ја убие ги оставил документите на мостот за да изгледа дека се самоубила.
Ги молам луѓето за помош, да се активира потрагата во Сљемен бидејќи мојата сестра е убиена и таму се наоѓа нејзиното тело. Ве молам да ја најдеме, семејството да ја погреба, бидејќи таа не се самоубила, туку е убиена.“
На прашањето на водителката дали нејзината информација е веродостојна, Маја вели:
„Пред час и половина дојдов до оваа информација. Тие луѓе биле вклучени во случајот со Матеј Периш, а ми потврди пријател на човекот кој помогнал да се скријат трагите.
Колку што знам, неговото семејство е заштитено. Мојата сестра ја бараа многу малку, мајка ми праќаше писма во полиција, но никогаш не доби одговор“.
Која е Маријана Зајферт?
Родена е на 7 февруари 1984 година во Сплит.
Таа се прослави во регионот во 2011 година кога учествуваше и победи во реалното шоу „Големиот брат“.
Нејзиното учество во шоуто го одбележа врската со српскиот музичар Никола Немешевиќ Немеш.
Кога влезе во шоуто, таа беше во брак со морнарот Иван Чврљко, со кого живееше во Шибеник и со кого имаше ќерка.
Но, сопругот го изневери со Немеш пред камерите и го доби епитетот „првата ријалити прељубница“.
По само десет дена во куќата, таа и Немеш имаа секс пред камерите.