Моќна објава, по драмата со ‘исчезнатото’ српско семејство во Грција: „Ние сме им деца на родителите цел живот – јавувајте им се!“

„Едни го осудуваат неодговорното семејство со две деца, други ги осудуваат родителите поради непотребното дигање на паника. Но, јас ќе кажам колку години и да има човек, додека има живи родители, за нив секогаш ќе биде дете. Целата оваа ситуација ме потсети на мојот однос со покојните родители...“, ја започнува моќната објава Радмило Белиќ од Белград.

mokjen-status-po-dramata-za-ischeznuvanjeto-na-srpskoto-semejstvo-vo-grcija-i-neodgovornosta-ah-se-setiv-koga-pochina-tatko-mi-01.jpg

Радмило Белиќ од Белград во Фејсбук групата „Грчка инфо“ објави моќен статус на тема родители и деца, по драмата кога семејство од Србија ги загрижило родителите бидејќи не им се јавиле дека стигнале безбедно на одмор во Грција и по нив се крена цела потрага.

Тие безбедно стигнале на Тасос, но наводно поради проблем со телефонот не успеале да јават дома дека стигнале.

Моќната објава на Радмило:

„По повод драмата со семејството од Јагодина со среќен крај сакам да го изнесам моето мислење.

Реакциите на социјалните мрежи се секакви. Едни го осудуваат неодговорното семејство со две деца, други ги осудуваат родителите поради непотребното дигање на паника.

Во секој случај што и да мислат, фала му на Бог што сѐ се заврши добро. Јас не осудувам никого.

mokjen-status-po-dramata-za-ischeznuvanjeto-na-srpskoto-semejstvo-vo-grcija-i-neodgovornosta-ah-se-setiv-koga-pochina-tatko-mi-02.jpg

Никој од нас не го знае точниот сплет околности за тоа како и што се случило.

Тоа што можам да го споделам со вас е важноста на здравото семејство. Посебно на односот на родителите и децата.

Колку години и да има човек, додека има живи родители, за нив секогаш ќе биде дете. Така отсекогаш било и така секогаш ќе биде.

mokjen-status-po-dramata-za-ischeznuvanjeto-na-srpskoto-semejstvo-vo-grcija-i-neodgovornosta-ah-se-setiv-koga-pochina-tatko-mi-05.jpg

Некој мудро напишал, кога ти оди првиот родител, го имаш вториот. Кога ти оди вториот родител, тогаш стануваш сираче и те чека најтешкиот дел од растењето, без обѕир на тоа колку години имаш.

Целата оваа ситуација ме потсети на мојот однос со покојните родители.

Кога умре мајка ми пред 17 години, ми остана татко ми. Живеев на релација Белград – Солун – Атина и често патував. Секогаш имав точен ритуал кога ќе му се јавам на татко ми.

Штом ќе влезев во Грција, веднаш застанував на паркинг и му вртев да му кажам дека сум влегол во Грција и дека ќе му се јавам кога ќе стигнам во станот во Солун.

Никогаш не ме притискаше да му ѕвонам, но знаев дека се грижи.

mokjen-status-po-dramata-za-ischeznuvanjeto-na-srpskoto-semejstvo-vo-grcija-i-neodgovornosta-ah-se-setiv-koga-pochina-tatko-mi-04.jpg

Кога почина пред 7 години и кога завршив со погребот во Белград и тргнав за Грција, по навика по влегувањето во земјата, паркирав и го извадив телефонот да му се јавам да не се грижи.

Тогаш се стресов и сфатив дека повеќе него го нема и сега ме гледа од некое друго место. Затоа совет до сите кои имаат родители е да не им биде тешко да го направат тој повик, затоа што колку и тоа да ве заморува и нервира, еден ден тие ќе ви недостигаат“.

Прочитајте и Цел Балкан ги бара, а тие не се јавиле зошто им се скршил екранот на телефон - Сите детали за српското семејство што исчезна во Грција

С. С. |  Црнобело/ фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Детали за разводот на Харис и Мелина Џиновиќ: Проблемите почнале во новиот дом, спиеле во различни к... Се шушка дека Мелина Џиновиќ имала врска со друг маж, а Харис се отселил од лукс...
„Син ми го опече анемона на Тасос“ - Како изгледа изгореницата и што треба да направите за да се заш... „Синот си играше во песокот, па го опече анемона што ја донел во кофичката“ – ве...
Доби син со пријателка и не живее со него, осамен е без семејството - Факти за Андрија Кузмановиќ „Мојата ситуација е таква што не живеам со својот син, но се трудам колку што мо...
Мајката влегла да наполни вода и девојчето го снемало – Што знаеме за исчезнувањето на Данка Илиќ (2... Девојчето било во мала куќичка со семејството за да се одморат и децата да се ис...
Цеца го прослави Свети Никола: Анастасија дојде сама, Вељко пречекува гости како глава на семејствот... Цеца го славеше празникот Свети Никола, а откри дека на куќната слава присуствув...
Се скарала со семејството, била уапсена: Која е првата Србинка што освоила седмица на Лото? Освоила седмица на Лото, па проблемите почнале да се нижат еден по друг. Се разв...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg