Ана Николиќ со марама на главата во манастир, откако нејзиниот бивши сопруг објасни зошто задоцнила на роденденот на ќерката
- Детали
- четврток, 10 август 2023
„Таа не сакаше да го расипе мигот и ми рече дека нема да дојде на роденденот на Тара, ми беше драго што сепак се појави“ – рече поранешниот сопруг на Ана Николиќ, Стефан Ѓуриќ Раста, откако таа задоцни на роденденот на ќерката. Пејачката, пак, објави видео на кое со Тара е во манастир каде била да се помоли пред најавената голема прес конференција за медиуми.
По минатонеделниот роденден на ќеркичката Тара, Ана Николиќ објави кратко видео на Инстаграм Стори на кое се гледа дека деновиве била во манастир за да запали свеќа.
Во бела кошула, долго црно здолниште и марама на главата, Ана ја држи за рака ќеркичката пред манастирот Раковица, два дена пред најавената прес конференција за медиумите, каде треба да каже што ќе се случи со концертот во Белградска Арена што беше најавен, пред таа да се соочи со низа скандали.
На својот Инстаграм профил таа објави и фотографија како седат со ќеркичката Тара на гробот на српскиот патријарх Павле, кој е погребан во манастирот.
Тара во рацете држи кукла Покемон, а за потсетување, за нејзиниот роденден беше направена тематска забава со Покемони и жолти балони.
Инаку, минатата недела Ана беше во фокусот на јавноста кога на роденденот на ќеркичката Тара задоцни 3 часа и се појави во зелен фустан со видливи дамки на колената.
Нејзиниот поранешен сопруг Стефан Ѓуриќ Раста даде изјава за медиумите во која појасни што се случувало на роденденот и, како што рече, бил пресреќен што Ана дошла на забавата, иако целта им била забавата да не биде медиумски проследена.
„Кога дојде, јас ѝ реков: ‘Дали е возможно да не дојдеш кога доаѓаа сите луѓе?’. Но, јас ја разбирам целосно, таа не сакаше да го расипе тој миг.
Таа дојде само заради Тара и мене многу ми значеше тоа и во тој миг и го ценам тоа. Бев со неа секој миг, ја следам целата ситуација.
Морам да признам, таа самата ми рече дека нема да дојде, затоа што се слушаме секој ден. Ми рече дека самите ќе го прославиме роденденот и навистина ми беше драго затоа што знам дека тоа што сепак дојде ѝ значи на Тара“ – рече тој.
За потсетување, пејачката минатата недела даде кратка изјава за медиумите во која се пофали дека на ќерката ѝ купила кристални фигури од сите можни животни, а рече дека ќе направи сѐ за нејзината ќерка да не тргне по нејзините стапки.
Б. С. Б. | Црнобело