„Не го познавав, а се омажив за него, не знам дали сѐ уште ќе бевме во брак“ – Николина Пишек откри каде згрешила во бракот со Видоје
- Детали
- среда, 09 август 2023
„Ние живеевме на две адреси, а јас бев на привремена работа во Белград кога се запознавме, така што немавме време да се запознаеме“ – вели Николина Пишек и откри нови детали за бракот со Видоје, но и за тоа што мисли за големиот број критики упатени за нејзините смели фотографии.
Хрватската водителка Николина Пишек во мај минатата година остана вдовица откако нејзиниот сопруг Видоје Ристовиќ ненадејно почина за време на масажа.
По јавните расправии со свекорот и семејството на нејзиниот покоен сопруг, во последниот период таа сѐ почесто објавува фотографии на Инстаграм од патувањата со ќерката, а во коментарите добива критики затоа што се забавува.
Хрватската водителка, која на македонската публика ѝ стана најпозната по регионалното шоу „Операција триумф“, даде изјава за српските медиуми, во кои откри нови детали за односот со родителите на Видоје и ја отвори душата за тоа каков бил односот со нив.
„Порано бев во контакт со мајка му на Видоје, а денес не сум во контакт со ниту еден член на тоа семејство. Јас кога се мажев наивно верував дека се мажам за синот, а не за таткото.
Сите ние имаме некои чудни ситуации во семејствата и не мора сите семејства да бидат поврзани и блиски.
Ние двајца имавме живот во кој другите не се мешаа и не сакаат да се мешаат, но односите со неговата мајка беа до некаде нормални, а повеќе не е така“ – рече таа, а пренесе kurir.rs.
Николина вели дека денес воопшто не е ниту сигурна дали нивниот брак би опстанал доколку Видоје бил сѐ уште жив.
„Не знам дали би се развеле.
Јас всушност не ги испочитував сопствените уверувања дека треба да поминете некоја фаза на долга врска каде треба добро да се запознаете со партнерот пред бракот и да ги усогласите сопствените ставови.
Ние живеевме на две адреси, а јас бев на привремена работа во Белград кога се запознавме, така што немавме време за таков експеримент.
Денес би имала голем број совети за жените. Луѓето не сакаат да учат од туѓите грешки, така што сѐ учиме на своја кожа“ – рече таа.
Инаку Николина рече дека пишувањата во медиумите за аферите на нејзиниот сопруг се точни, а дека била изненадена од нив.
„Јас бев верна во бракот, а не ни претпоставував дека тој ме изневерува“ – рече таа.
Што се однесува до критиките упатени на нејзина сметка дека се забаваува и го живее животот и не тагува затоа што го загубила сопругот, Николина вели:
„Животот продолжува понатаму. Луѓето ги иритира кога добро се забавуваш. Јас сум донекаде јавна личност, но не сум јавен тоалет. Но, излегува дека често ме третираат така и секој кој има потреба да изврши нужда, го прави тоа.
Кога сфатив дека така ги иритирам луѓето, почнав тоа да го потенцирам. Па дури и кога не се забавувам, се однесувам како да ми е многу забавно, па потоа ми е забавно да ги следам реакциите на луѓето“ – вели таа.
Повеќе фотки од неа:
Б. С. Б. | Црнобело