Првата девојка го изневери со колега, игра со Рајан Рејнолдс во Deadpoоl – Што знаеме за Стефан Капичиќ, српскиот актер со холивудска кариера?

Заради кариерата често патува на релација Србија – САД, па така во 2015-та година имаше можност да ја толкува улогата на неговиот татко Драган Капичиќ во филмот „Bićemo prvaci sveta“,  а во 2016-та ја толкуваше улогата на Колосус во хит филмот Deadpool со Рајан Рејнолдс.

Освен со својата кариера, Капичиќ во српските медиуми привлекуваше внимание и со својот приватен живот. Тој седум години беше во врска со хрватската манекенка Миранда Виѓак, со која почна да живее заедно, па дури и планираа брак.

Но, откако почнаа да се објавуваат написи дека Миранда го изневерила со неговиот колега Иван Херцог, Стефан одлучил да стави крај на врската.

Во 2014-та година, за време на снимањето на филмот „Zora dubrovačka“ се запознал со хрватската актерка и манекенка Ивана Хорват, која е 10 години помлада од него, а по околу година и пол врска парот се вери.

Тие двајца се венчаа во 2017-та година во интимна церемонија во Лос Анџелес, а во 2020-та година го добија синот Иван. 

View this post on Instagram

A post shared by Stefan Kapičić (@stefankapicic)

Стефан и Ивана деновиве го очекуваат своето второ дете, а убавите вести ги соопштија на социјалните мрежи, така што објавија повеќе фотки на кои убавата актерка позира со трудничкиот стомак.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
„Сакав да видам како се одело порано на море“ – Пар од Србија со Фиќо старо 46 години патувал до Ант... Со чести паузи, без клима и со максимална брзина од 80 km на час, српски брачен ...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Вирално видео на Србинка: „Јас сум заменик директорка и сум патлиџан турист – со себе носам макарони... „Многу од вас мислат дека ви требаат многу пари за одмор, дека мора да можете да...
Милош Биковиќ доби син: „Дури откако ќе станеш родител почнуваш да растеш“ „Ние прво мислиме дека треба да пораснеме за да добиеме дете, но тука има една с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg