Првата девојка го изневери со колега, игра со Рајан Рејнолдс во Deadpoоl – Што знаеме за Стефан Капичиќ, српскиот актер со холивудска кариера?
- Детали
- сабота, 26 август 2023
Поминувал време со волци за да може подобро да ја долови улогата на Могли, има успешна актерска кариера во Холивуд, па играл со звучни имиња како Рајан Рејнолдс и Кифер Сатерленд. Што знаеме за Стефан Капичиќ, познатиот српски актер со холивудска кариера, кој игра и во „Јужни ветар“?
Српскиот актер Стефан Капичиќ во последните неколку месеци е актуелен по улогата во српската хит серија „Јужни ветар“, каде игра заедно со Милош Биковиќ, а малкумина знаат дека покрај тоа што учествува во балкански филмови, исто така гради и успешна холивудска кариера, па имаше можност да игра заедно со Рајан Рејнолдс во хит филмот Deadpool.
За разлика од многу други познати мажи на Балканот, тој секогаш имал сериозни долгогодишни врски, а откако првата девојка. со која беше седум години во врска, му го скрши срцето и го изневери со колега, Стефан најде среќа со друга помлада актерка со која денес го чека второто дете и живее во складна заедница.
Следуваат неколку интересни факти за Стефан Капичиќ, што сигурно не сте ги знаеле:
Стефан Капичиќ е роден во 1978-ма година во Келн, Германија во семејството на црногорската актерка Слободанка „Беба“ Жугиќ и поранешниот југословенски кошаркар Драган Капичиќ.
Кога имал 3 години, неговите родители одлучиле да се вратат во Југославија. Стефан 10 години тренирал кошарка и бил капитен на јуниорскиот тим на клубот „Црвена Ѕвезда“.
По завршувањето на средното образование се запишал на Филозофски факултет, но мајка му го наговорила да почне да студира и на Факултетот за драмски уметности во Белград.
Во 2002-ра година ја имал првата поважна улога во серијата „Подиум“ и во филмот „Кордон“, по што следувале повеќе важни улоги во други српски и хрватски ТВ и филмски проекти.
Во 2007-ма година заминал во САД, каде сакал да почне да гради успешна филмска кариера. Првите десет месеци во САД не смеел ништо да работи, ниту да ја напушта земјата, а потоа успеал да влезе во американската унија на актери (SAG) и на тој начин почнал да ги остварува своите соништа.
Првата улога во американски филм му била во 2008-ма година кога глуми германски сопственик на кафуле во филмот The Brothers Bloom, а потоа имал и епизодни улоги во сериите „The unit“ и „Numb3rs“, за на крај да добие и улога во хит серијата „24“ каде играше заедно со Кифер Сатерленд.