На естрадата се со децении - Како изгледаа најпопуларните српски пејачки на почетокот на кариерата?
- Детали
- недела, 06 август 2023
Драгана Мирковиќ го оперираше носот, Цеца ги коригираше усните, Александра Пријовиќ направи операција на јаболчиците, носот и ја среди устата. Како изгледаа српските диви на почетокот на кариерата?
Корекција на очните капаци, на забите, јаболчиците, носот, усните... Многу фолк ѕвезди во Србија изгледаа сосема поинаку на почетокот на кариерата.
Дел од нив и покрај очигледната трансформација тврдат дека не правеле корекции на лицето, а други без проблем кажуваат што смениле на себе.
На Инстаграм профилот „Твоето лице звучи познато“, се објавени преку 200 фотографии од српски и регионални ѕвезди, во времето кога почнувале со кариерата и како изгледаат денес.
„Благодарност до пластичните хирурзи“, стои во описот на профилот, каде што има и фотки од Лепа Брена, Весна Змијанац, Милица Тодоровиќ, Анастасија Ражнатовиќ и многу други.