Колешките се „вкочануваат“ кога снимаат секс сцени со него, дава скандалозни изјави – Факти за Вук Костиќ
- Детали
- среда, 02 август 2023
Познат е по скандалозните изјави, откри дека за време на снимањето на секс сцените со Нина Јанковиќ, таа се вкочанила, а важи за српски Дон Жуан, кој од најмалата возраст пораснал со најпознатите српски актери, благодарение на неговиот татко – што знаеме за српскиот актер Вук Костиќ?
Вук Костиќ (43) е еден од најпознатите српски актери во моментов кој во последните неколку години е најпопуларен по улогата во хит-серијата „Убице мог оца“.
Важи за еден од најголемите заводници меѓу српските познати личности, па во минатото доста привлекуваше внимание со врските со голем број познати дами како водителката Ана Михајловски и актерката Јелисавета Орешанин.
Што знаеме за убавиот српски актер?
Прочитајте неколку интересни факти за него, што можеби не сте ги знаеле:
Вук Костиќ е син на познатиот српски актер Михајло Костиќ Пљака, кој почина во 2001-ва година по подолго боледување од леукемија.
Мајка му Гордана била 20-тина години помлада од татко му, а работела како професорка на Институтот за странски јазици во Белград.
Таа не сакала премногу да се појавува во јавност, а во една пригода актерот објави нејзина фотографија од младоста на која таа е заедно со него и со неговиот постар брат Нестор.
Вук во една пригода откри дека бил многу поврзан со татко му, но дека не очекувал дека еден ден ќе ги заследи неговите чекори и професионално ќе почне да се занимава со глума.
„Јас и брат ми покрај Пљака ги засакавме спортот и ловот. Никој не можеше да ме смири, па татко ми ме однесе во школата на Мика Алексиќ за да се скрасам на едно место и да слушнам нешто паметно.
Ме заинтересира сето тоа... глумата... книгите... Долго време поминував со пријателите актери на татко ми, а особено со Драган Николиќ, но сите мислеа дека ќе се занимавам со спорт“ – рече тој.
Уште како дете, Вук почнал да добива улоги во повеќе важни проекти, како серијата „Отворена врата“ и во детската претстава „Конрад“, како и во повеќе телевизиски проекти и образовни емисии.
По завршувањето на средното образование се запишал на Факултетот за драмски уметности, а дипломирал истата година кога починал и неговиот татко, во 2001-ва година. По ова, тој се запишал на постдипломски студии од областа на историјата на филмот.
Во 2001-ва година ја доби и првата поважна улога во филмот на Срѓан Драгојевиќ „Апсолутних сто“, каде играше заедно со Срѓан Тодоровиќ, а по ова следуваа голем број проекти и филмови со кои актерот успеа да ја освои публиката.