Хит видео: Туристи играат оро на плажа во Босна и Херцеговина - полицаец им ја растури забавата
- Детали
- петок, 30 јуни 2023
„Овој простаклак покрај море баш и не ми оди“, гласи еден од коментарите за видеото покрај Јадранското Море од Босна и Херцеговина, кое предизвика измешани реакции...
Туристи кои играат оро на плажата во Неум, Босна и Херцеговина, станаа вистински хит, откако видеото беше објавено на ТикТок. Неум е единствениот приморски град во Босна и Херцеговина.
Едни боси и во костими за капење, други со апостолки, со врзани марами околу телото или по кратки панталочиња, завртеа оро среде плажа.
Но, забавата им ја прекина полицаец, кој со рацете им сигнализираше дека треба да престанат.
Иако не се знае зошто дошол полицаецот, некои претпоставуваат дека причината за тоа е гласната музика и дека некој ги пријавил.
Видеото предизвика спротивставени реакции. На едни им е симпатично, а други велат дека е смешно што полицијата реагира среде бел ден и растура добра забава без причина.
„А кому му пречи што играат на плажа?“, „Дошле гастарбајтерите на Јадран да играат оро“, „Баш убаво, уживајте“, „Се срамам што странци го гледаат ова“, „Можеби сум патриот, ама овој простаклак покрај море баш и не ми оди“, се дел од 700-те коментари на видеото.
Видетот стана вирално и има преку 244.000 прегледи, па предизвика и бројни реакции на социјалните мрежи.
Погледнете го видеото:
@huntershthunter #Neum #neum #kolo #balkan #foryou #fy #bosnia🇧🇦 #Bosna
♬ original sound - Hunter
А. Ј. | Црнобело