„Те сака тато“ - Тарик Филиповиќ му честиташе 20-ти роденден на посинокот, од првиот брак на неговата сопруга

Кога има вистинска љубов, тогаш крвната врска и не е важна... Тарик Филиповиќ, некогашниот водител на „Кој сака да биде милионер“ буквално му е како вистински татко на својот посинок Дино. Тој емотивно му честиташе роденден со фотографиите направени за време на семејното патување во Истанбул.

te-saka-tato-tarik-filipovikj-mu-chestitashe-20-ti-rodenden-na-posinokot-od-prviot-brak-na-negovata-sopruga-ubavica-01.jpg

Тарик Филиповиќ е босанско-хрватски актер и ТВ презентер, кој на нашата јавност ѝ е најпознат како водител на хрватската верзија на квизот „Кој сака да биде милионер“.

Тој се ожени со прекрасната Лејла Филиповиќ во 2007 година, а како свој го прифати нејзиниот син од првиот брак, Дино.

Подоцна, парот го доби и заедничкиот син Арман (15).

На крајот од 2022 година Тарик и Лејла прославија 15 години брак, а тогаш Тарик објави:

„Си рековме да пред да дојде (тогаш) новата 2008 година.

Реков „да“ и помислив ја земам и во добро и во зло и во среќа и во тага и во солзи и во смеа и така првите 15 минаа само со добро, среќа, многу смеа, па што друго да посакам во следните 50?“

View this post on Instagram

A post shared by Tarik Filipović (@tarikfilipovic)

Дека Тарик му е буквално како вистински татко на својот посинок Дино  доказ е и роденденската честитка која му ја посвети на Инстаграм по повод неговиот 20-ти роденден.

„Среќен 20-ти роденден на моето големо момче и некоја секоја наредна година ти биде сè поубава, поисполнета и позабавна.

Нека желбите ти се исполнуваат една по друга и не грижи се светот на возрасните не е така страшен и сериозен. Те сака тато!“

Инаку, семејството е заедно на патување во Истанбул, од каде и ги објавија роденденските фотографии на Дино.

Повеќе фотографии од Тарик со сопругата:

Прочитајте и Сопругата на Тарик Филиповиќ во петтата деценија изгледа како 20-годишна девојка (фото)

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што знаеме за првата сопруга на Огњен Амиџиќ – Таа го запросила, ретко се појавувал со неа во јавнос... „Првиот пат стапив во брак затоа што мислев дека така треба, а не затоа што бев ...
Марија Шерифовиќ објави песна посветена на синот Марио: „Ја пишував додека сонував за него“ Само неколку дена откако стана мајка, Марија Шерифовиќ ја објави првата песна шт...
Му предложила брак на сопругот, по 1 година се развеле – Што знаеме за турската актерка Гозде Џигаџи... „Фала Богу – се разведов!“ Ова беше првата изјава што турската актерка Гозде Џиг...
Марија Шерифовиќ сподели нови фотки од синот Марио – На 9 месеци застанал на нозе, ја носи кошулата ... „Умирам за него, не можам да живеам без него“ – призна мајката на Марија Шерифов...
Раскошна роденденска забава за првиот син на Вељко Ражнатовиќ – покрај базен, со тема Paw Patrol (фо... Малиот Жељко го прослави 4-иот роденден во двор покрај базен, со огромен број на...
Заводливо го гледа, го гали по косата – Јелена Ѓоковиќ му го честита роденденот на Ноле со видео на ... „Не бидејќи си наш, но навистина си најдобар“ – му порача Јелена Ѓоковиќ на сопр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg