„Мислев дека убив човек“ – Милан Калиниќ по 8 години отворено говори за сообраќајната несреќа што ја предизвика на Копаоник

„Возачот претходно имал операција на срце и бил со еден бубрег. Кога го видов со воланот во градите и со отворени очи мислев дека сум убил човек“ – српскиот актер и ТВ водител Милан Калиниќ 8 години подоцна, за првпат јавно прозборе за сообраќајната несреќа од 2015-та година кога 3 лица беа тешко повредени.

mislev-deka-ubiv-chovek-milan-kalinikj-po-8-godini-otvoreno-za-soobrakjajnata-nesrekja-shto-ja-predizvika-na-kopaonik-01.jpg

Сообраќајната несреќа од 2015-та година во која тројца унгарски државјани беа потешко повредени е едно од најстрашните животни искуства на српскиот актер и ТВ водител Милан Калиниќ, а во својата емисија „Преживели“ тој одлучи да се стави во улога на гостин и да раскаже пред јавноста како се чувствувал во тие мигови.

Несреќата се случила додека Милан со сопругата Сандра и децата во својот џип „Land Rover“ одел Копаоник, а додека возел во спротивната страна на коловозот предизвикал сообраќајна несреќа во која потешко биле повредени три лица кои се возеле во автомобил марка „Suzuki“.

mislev-deka-ubiv-chovek-milan-kalinikj-po-8-godini-otvoreno-za-soobrakjajnata-nesrekja-shto-ja-predizvika-na-kopaonik-02.jpg

Тој во 2016-та година пред суд ја призна вината, доби парична казна од 250.000 динари и 4 месеци му беше забрането да управува со моторно возило, но како што откри, во деновите по несреќата бил во вистинска агонија.

„Тргнавме на Копаоник на скијање. Вук тогаш имаше 3 години, а Теа 6 и пол. Беше преубав ден, но пред тоа врнеше снег. Снегот се топеше, а коловозот беше влажен. Тоа е најлошо за оној што вози.

Одиме, а во автомобилот е прекрасна атмосферата.

Веќе бевме во близина на Брус и се наоѓаме на кобната кривина, која мештаните ја нарекуваат ‘кривината на смртта’.

Не возев брзо, туку нормално. Тоа беше доволно. Тоа беа унгарски државјани во два автомобили. Првиот автомобил успеа да ме избегне, додека во другиот автомобил беше помалку искусен возач и имавме директен судар“ – раскажува Милан.

mislev-deka-ubiv-chovek-milan-kalinikj-po-8-godini-otvoreno-za-soobrakjajnata-nesrekja-shto-ja-predizvika-na-kopaonik-03.jpg

Српскиот водител и актер раскажува дека од силината на ударот автомобилот се свртел настрана. Нивниот автомобил бил поголем, а другиот многу помал, па сите патници излетале од него, како и нивните скии и куфери и никој не можел да верува дека има преживеани.

Децата на Милан и Сандра имале хематоми на главата, а Милан имал отечена рака.

„Ги гледам луѓето, тие викаат, во шок сум... Приоѓам до другиот автомобил и гледам дека на возачот воланот му е во градниот кош. Наведнат е врз воланот и со отворени очи. Гледам мртов човек.

Тоа е најлошиот миг во мојот живот. Гледам човек што не дава знаци на живот, тој е мртов.

Го гледам и си велам: ‘Јас убив човек!’. Чувствувам дека не сум при себе, се свртев кон нашиот автомобил, ја гледам сопругата, Теа и Вук и си велам: ‘Ти им го уништи животот на сите. Го уништив животот на моите деца’“- раскажува Милан.

mislev-deka-ubiv-chovek-milan-kalinikj-po-8-godini-otvoreno-za-soobrakjajnata-nesrekja-shto-ja-predizvika-na-kopaonik-04.jpg

За среќа во еден миг, Милан забележал дека возачот мрда со прстите и полека доаѓа при себе.

Потоа, брзо дошле итната помош и полицијата, а најголемиот проблем бил што возачот иако имал најмали повреди бил човек кој претходно имал операција на срцето и имал само еден бубрег, па сите стравувале за неговата состојба заради внатрешното крвавење.

„Милане, тој до Белград 100 отсто нема да преживее, ми рече лекарот“ – раскажува српскиот водител.

Инаку, оваа сообраќајна несреќа беше топ тема во српските медиуми кога се случи. Тој денес признава дека тие 15-20 дена додека возачот од другиот автомобил бил во болница, тоа била најголемата агонија во неговиот живот.

mislev-deka-ubiv-chovek-milan-kalinikj-po-8-godini-otvoreno-za-soobrakjajnata-nesrekja-shto-ja-predizvika-na-kopaonik-05.jpg

За потсетување, српските медиуми своевремено пренесуваа дека Калиниќ не сакал да се помести од Одделението за интензивна нега во Крушевац и сакал да влезе во шок собата на возачот за да види во каква состојба е.

Од Крушевац, возачот беше пренесен во Белград во Клиничкиот центар на Србија, каде бил сместен во шок соба додека да му се извршат сите потребни анализи.

Инаку, во малиот автомобил „Сузуки“ во времето на несреќата се наоѓале возачот Ференц, Каталина Наѓи, нејзиниот син и неговата девојка.

„Беше страшно кога џипот премина на нашата страна и удри во нас. Во автомобилот бевме возачот Ференц и јас, со мојот син и неговата девојка. Страшно, само тоа можам да го кажам“ – изјави своевремено Унгарката Каталина Наѓи за српските медиуми.

Прочитајте и Дипломирал за пилот, не верува во гласините за неверства на сопругата - Факти за Милан Калиниќ

Погледнете го видеото од емисијата на Милан:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
„Не постои противотров за него“ – Турист во Грција почина откако беше каснат од кафеав пајак Местото каде што ве каснал кафеав пајак најчесто наликува на место зафатено со г...
„Сакав да видам како се одело порано на море“ – Пар од Србија со Фиќо старо 46 години патувал до Ант... Со чести паузи, без клима и со максимална брзина од 80 km на час, српски брачен ...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
„Цела година го крие разводот, арогантен е и тежок“ – Што велат соседите за разводот на Милан Калини... „Тој е успешен, познат, згоден, младите девојки го сакаат тоа. Немам убави зборо...
Што знаеме за првата сопруга на Огњен Амиџиќ – Таа го запросила, ретко се појавувал со неа во јавнос... „Првиот пат стапив во брак затоа што мислев дека така треба, а не затоа што бев ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg