Британец проба 10 балкански јадења – се воодушеви од бурек и сарма, но што не му се допадна? (видео)
Мажот пробал и јазик од крава. Пред да го вкуси, тој вели дека е скептичен, но и возбуден што ќе го проба.
„Не знам што да очекувам, ова е нешто ново. Се подготвува седум часа. Ова е уникатен вкус, навистина е вкусен. Ова е нешто различно и би го препорачал на сите“, вели тој за специјалитетот што му го послужиле со пире од компири.
За чорбата од риба, исто така, има само пофални зборови.
„Има силен и добар мирис. Возбуден сум што ќе го пробам ова. Рибата е навистина добро подготвена и одлична комбинација од вкусови. Ова ќе ви се допадне“, раскажува тој.
На крајот проба и пача, во комбинација со ракија и карфиол и пиперка. Но, од оваа комбинација не бил воодушевен.
„Меко е, има лук, потсетува на желе. Не знам ни дали ми се допаѓа или не. Некаде е пола-пола“ – ја завршува тој својата приказна за 10-те балкански јадења.
Погледнете го видеото:
https://youtu.be/ey-UuqNFyUI
А. Ј. | Црнобело