Британец проба 10 балкански јадења – се воодушеви од бурек и сарма, но што не му се допадна? (видео)

„Извинете што јадам со прсти, но ова е извонредно. Немам зборови да го опишам ова јадење. Кајмакот е малку лут поради кромидот, но лепињата... Па, ова е одлично“, вели воодушевено Британецот кој првпат проба „10-ка со кромид“.

britanec-proba-10-balkanski-jadenja-se-voodushevi-od-burek-so-meso-i-sarma-ne-ja-bendisa-pachata-video-01.jpg 

Британец, кој се претставува како Birmze на социјалните мрежи, неодамна ја посети Србија и проба 10 балкански специјалитети.

Тој на својот Јутјуб канал објави видео во кое објаснува што јадел и дали му се допаднале јадењата кои се меѓу омилените на овие простори.

На менито имаше плескавица, бурек, Караѓорѓева шницла, сарма, палачинки, ќебапи, чорба од риба, пача, свинско печено месо и кравји јазик.

Прва на менито била сармата која ја пробал во ресторан во Белград.

„Овде има и големо парче месо. Супер е, има сос, компири, многу е вкусено“, вели тој додека ја јаде сармата.

britanec-proba-10-balkanski-jadenja-se-voodushevi-od-burek-so-meso-i-sarma-ne-ja-bendisa-pachata-video-03.jpg

Со сармата го послужиле и со пиперка со лук и оцет, но не се воодушевил од вкусот, бидејќи, вели, не сака луто, па морал да пие вода веднаш по првиот залак.

Следна на менито била плескавица во ресторан за брза храна.

„Голема е, има многу месо. Погледнете колку вкусно изгледа. Месото е одлично, кромид, зелка, одлична плескавица.

Месото е брилијантно, за 320 динари (160 денари), навистина евтино. Најдобриот ‘бургер’ што некогаш сум го пробал. Нема да зажалите ако го пробате“, вели тој во видеото.

britanec-proba-10-balkanski-jadenja-se-voodushevi-od-burek-so-meso-i-sarma-ne-ja-bendisa-pachata-video-09.jpg

На менито се најде и бурек со месо и јогурт.

„Погледнете колку месо има, навистина има многу месо внатре. Ова е неверојатно, ова е толку добро.

Месо, тесто - ова е неверојатно. Мислам дека станав љубител на бурек“, вели тој и им препорача на сите што ќе го пробаат да земат и јогурт со бурекот.

britanec-proba-10-balkanski-jadenja-se-voodushevi-od-burek-so-meso-i-sarma-ne-ja-bendisa-pachata-video-02.jpg

По ова, тој проба Караѓорѓева шницла.

„Не очекував дека ќе изгледа вака. Мислам дека нема да јадам два дена по оваа порција, ова е навистина одлично.

Комбинацијата на вкусови е многу убава и навистина изгледа супер. Компирите се крцкави, ова им го препорачувам на сите, ова е добитна комбинација“, вели тој.

За десерт избра палачинка со крем, наполитанки и бонбони.

„Што да кажам за палачинките - извонредни се, имаат крем и бисквити, многу се богати и слатки. Ова е најдобрата палачинка што сум ја јадел досега, а ако сакате да пробате палачинки, ова е вистинскиот избор“, рече.

britanec-proba-10-balkanski-jadenja-se-voodushevi-od-burek-so-meso-i-sarma-ne-ja-bendisa-pachata-video-08.jpg

Следни на менито му беа ќебапи во лепиња со кромид, кајмак и урнебес салата.

„Извинете што јадам со прсти, но ова е извонредно. Немам зборови да го опишам ова јадење. Кајмакот е малку лут поради кромидот, но лепињата... Па, ова е одлично“, вели тој со воодушевување.

britanec-proba-10-balkanski-jadenja-se-voodushevi-od-burek-so-meso-i-sarma-ne-ja-bendisa-pachata-video-04.jpg

На менито имал и свинско печено месо.

„О, боже, ова е најдоброто свинско месо што сум го пробал. Толку е вкусно, сочно и крцкаво. Ако никогаш не сте пробале ‘печење’, мора да си ја исправите грешката“, вели тој.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Лена од Србија на само 9 години прави бурек како професионалец: „Го научив занаетот од татко ми“ Лена од Обреновац, Србија, на само 9-годишна возраст работи како бурек мајстор в...
Месојадни огнени црви се појавија на плажите на Јадранско Море: „По допирот како раката да ми гореше... „Ако огнениот црв ве допре, ќе чувствувате како раката да ви гори“ – вели познат...
„Запознав психопати кои пробаа да ме скршат“ - Нина Бадриќ искрена, откако маж ја демнеше 2 години „Ме уценувале, сум доживувала неправди и обиди за застрашување од моќни мажи. Су...
Никола Роквиќ „нападнат“ поради скандалозна изјава од минатото: „Не верувам во неговиот аџилак“ Никола Роквиќ во Егина беше пречекан како херој и имаше огромна поддршка во теко...
Колега проба да ѝ ја уништи кариерата, ја нарекуваат турската Моника Белучи: Каде е денес Нурѓул Јеш... Скоро 15 години Нурѓул Јешилчај е меѓу омилените и најпопуларни турски актерки. ...
Едни се скромни, други ги трошат парите на тато - Со што се занимаваат децата на балканските ѕвезди? Ќерката на Саша Поповиќ го напуштила факултетот за да изработува нокти, синот на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg