Србинка се жали: „Мојата 9-годишна ќерка сама си ги избричила нозете – што да правам?“

Србинка започна дебата на социјалните мрежи откако откри дека нејзината 9-годишна ќерка сама решила да си ги избричи нозете, па ги праша мајките како треба да реагира во ситуацијата во која се нашла.

dali-e-normalno-da-i-kupuvash-krema-za-depilacija-na-kjerkata-9-zashto-i-prechele-vlaknencata-majka-od-srbija-naide-na-silna-osuda-01_1.jpg

Србинка, чие име не се открива јавно, во Вибер група за мајки побарала совет што да прави со својата ќерка (9), која сама си ги избричила нозете и рацете, бидејќи не сакала да ги гледа влакненцата по телото.

Нејзината порака предизвика поделени коментари - едни ѝ дадоа поддршка, но други ја осудија.

„Мојата 9-годишна ќерка си ги избричи рацете и нозете бидејќи ѝ пречеле влакната. Како да се поставам во оваа ситуација?“, прашува таа, а пренесе Najzena.alo.rs.

dali-e-normalno-da-i-kupuvash-krema-za-depilacija-na-kjerkata-9-zashto-i-prechele-vlaknencata-majka-od-srbija-naide-na-silna-osuda-02.jpg

Во групата се појавија различни коментари, па една жена ѝ препорача на ќерката да ѝ купи крем за депилација. Според неа, ако на девојчето му пречат влакненцата, кремот може да е подобра варијанта отколку брич.

„Нека ѝ купи крем за депилација за да не се фаќа за брич. Кога веќе почнала дека продолжи“, вели жената.

dali-e-normalno-da-i-kupuvash-krema-za-depilacija-na-kjerkata-9-zashto-i-prechele-vlaknencata-majka-od-srbija-naide-na-silna-osuda-02_1.jpg

Друга жена, пак, вели дека деветгодишно дете не треба да носи самото одлука дали ќе се депилира или не.

„Каков крем за депилација на 9 години. Треба да ѝ се објасни дека тоа не е грдо, туку природно“, вели таа.

dali-e-normalno-da-i-kupuvash-krema-za-depilacija-na-kjerkata-9-zashto-i-prechele-vlaknencata-majka-od-srbija-naide-na-silna-osuda-03.jpg

„Не се сложувам. Точно дека е природно, ама исто така е и грдо. Зошто да биде несреќна поради влакненцата? Секако ќе почне да ги отстранува за 2-3 години“, ѝ одговара друга жена.

Повеќето мајки, сепак се сложуваат дека е важно децата на рана возраст да развијат здрав однос кон телото, и дека треба да се прифатат какви што се, па така да градат и самодоверба.

„А зошто е грдо да се има влакна? Бидејќи така е наметнато. Догодина ќе бара да ги напумпа усните, бидејќи Инстаграм вели дека тоа е убаво“, стои во коментарите.

dali-e-normalno-da-i-kupuvash-krema-za-depilacija-na-kjerkata-9-zashto-i-prechele-vlaknencata-majka-od-srbija-naide-na-silna-osuda-03_1.jpg

На ова, жената која напиша дека е во ред девојчето да ги отстрани влакната на 9 години, одговори:

„Не реков дека на детето треба да му се вградат силикони, сега претеруваш. Јас само не велат дека е толку многу страшно ако се отстранат влакненцата и на 9 години, затоа што знам дека едвај чекав да добијам дозвола да ти отстранам моите. Океј, бев малку постара, ама и на 9, 10 години да имав дозвола, ќе ги тргнев“, пишува таа.

Но, сите се сложуваат дека мајката треба да ѝ помогне на својата 9-годишна ќерка да си го разбере телото и да прифати дека е убава таква каква што е, а дека ќе дојде време кога ќе почне да ги бричи влакненцата секојдневно.

Каков е вашиот став?

А. Ј. | Црнобело / фото: Depositphotos

Би можело да ве интересира:

Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Јелена Карлеуша до хејтерите: „Жените на 45 години не се баби, можат да се сликаат како сакаат“ „Секојпат кога некој ќе ме навреди затоа што имам 45 години, јас слабеам уште 10...
„Сакав да видам како се одело порано на море“ – Пар од Србија со Фиќо старо 46 години патувал до Ант... Со чести паузи, без клима и со максимална брзина од 80 km на час, српски брачен ...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Петар Грашо го откри полот на бебето што го очекува – Дали пак ќе му го даде името што го планирал с... Пред извесен период хрватскиот пејач Петар Грашо, откри дека неговата сопруга Ха...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg