Водич за љубителите на морско: Која е цената на рибите на пазарите во Грција?
- Детали
- вторник, 27 јуни 2023
Ако сте љубител на морска храна и летувате во Грција, тогаш прочитајте го овој водич, кој ќе во помогне полесно да се разберете со локалното население, без оглед дали купувате риба на пазар или порачувате во ресторан.
Кога летувате во Грција, честопати одите во ресторан за морски специјалитети, но не можете да се разберете со келнерите поради различните имиња на рибите.
Ништо поедноставно не е ни кога купувате риба на пазар за да ја зготвите самите. Па, ако ја препознаете „по лик“, знаете што купувате.
Во спротивно, мака мачите да дознаете каква риба е во прашање.
На Фејсбук страницата Nikana.gr неодамна беше објавен практичен водич со имињата на рибите кај нас, во Грција и како се пишуваат во оригинал.
Цените на рибите и морските плодови, пак, се цени по кои се продават на пазарите.
Секако, цените во рестораните се повисоки, а зависат од тоа дали ресторанот се наоѓа веднаш до плажа, колку е ексклузивен и од каде ги набавуваат рибите, но и од начинот на кој ги подготвуваат.
Прочитајте кои риби како се викаат на грчки и колку чинат ако ги купите на пазар:
Бранцин - λαβρακι (lavraki) 8 - 14 евра
Забатец - σιναγριδα (sinagrida) 8 евра
Пагар - φαγκρι (fagri) 12 евра
Орада - τσιπουρα (cipura) 8 евра
Лигњи- καλαμαρι (kalamari) 18 евра
Октопод - χταποδι (htapodi) 8 евра
Дагњи - μιδια (midia) 4 евра
Бакалар - μπακαλιαρος (bakalјiaros) 10 евра
Сардела - σαρδελα (sardela) 5 евра
Гирици - αθερινα (atherina) 5 евра
Барбун - κουτσουμορα (kucumura) 10 евра
Шкампи - γαριδες (garides) 15 евра
Ципал - κεφαλος (kefalos) 5 до 6 евра
Инчуни - γαυρος (gauros) 5 евра
📣 Za sve ljubitelje morske ribe i plodova jedan koristan vodič koji će vam pomoći da se bolje sporazumete u restoranu...
Posted by Nikana.gr on Sunday, June 25, 2023
А. Ј. | Црнобело