Северина (51) ја откри тајната како нозете ѝ изгледаат совршено на сите фотографии и настапи
- Детали
- петок, 23 јуни 2023
Погледнете како Северина ги прикрива несовршеностите на нозете пред фотосесиите, снимањето на видео спотовите и настапите. Дали некогаш сте се сетиле на ваков трик?
Хрватската пејачка Северина деновиве напорно работи на снимањето на песните од нејзиниот нов албум, а на Инстаграм објави повеќе фотографии и видеа од снимањето на видео спотот за нејзината песна „Метак“, која ја снима заедно со српскиот рапер Нучи.
Убавата пејачка е позната по своите сексапилни изданија и по тоа што ниту на 51 година не се срами да го покаже своето разголено тело.
Таа во едно од најновите видеа на Инстаграм, покажа која е тајната за нејзините нозе да изгледаат совршено на сите спотови, настапи и фотографии.
Многумина веруваат дека пудрата служи само за да ги покрие несовршеностите на лицето, а Северина покажа дека таа може да послужи и за да имате совршени нозе.
Во видеото што го објави на Инстаграм се гледа како шминкерката пред снимањето ѝ ги премачкува нозете со пудра за тие да изгледаат совршено во краткото здолниште што го носи во спотот.
Погледнете го видеото:
Б. С. Б. | Црнобело