- Детали
-
недела, 25 јуни 2023
-->
По врската со колешката Турку Туран имал уште неколку важни врски, но се труди да ја сочува приватноста. Игра во повеќе турски серии што се емитуваат на „Нетфликс“, а во 2017-та доживеа голема семејна трагедија... Што знаеме за убавиот турски актер Енгин Озтурк, кој е познат по улогата во „Судбината на Фатмаѓул“?
Турскиот актер Енгин Озтурк кај македонската јавност се прослави со улогата на негативецот Селим Јашаран во турската серија „Судбината на Фатмаѓул“, а во моментов ја игра и главната улога во серијата „50m2“ што се емитува на Нетфликс.
-->
За него се вели дека сака приватниот и љубовниот живот сака да ги крие подалеку од очите на јавноста, но сепак, познати се повеќе интересни податоци од неговата биографија, што сигурно би ве заинтересирале.
Синоокиот убавец што ги краде воздишките кај женската публика, важи за еден од најхаризматичните и најталентираните турски актери, а во продолжение повеќе интересни факти за него:
Енгин Озтурк е роден на 28-ми септември 1986-та година во Ескишехир во Турција. Семејството на неговата мајка се Турци, кои во родната земја се вратиле од Солун, а на татко му семејството од Бугарија.
Тако му на Енгин по професија бил пилот, па актерот првично сакал да ги следи неговите стапки и се запишал и успешно ја завршил Школата за пилоти на турската војска во 2005-та година.
-->
-->
Во 2006-тата Енгин одлучил да ја напушти војската, а во 2008-мата се преселил во Анкара, каде се запишал на Универзитетот „Хаџитепе“, на отсекот за театарска глума и студиите ги завршил во 2012-та година.
-->
Пред да започне со работа на серии и филмови работел како бармен, a улогата на негативецот Селим Јашаран во серијата „Судбината на Фатмаѓул“ ќе му донесе најголема слава. По ова следуваат улоги во голем број турски проекти, меѓу кои и во „Сулејман Величествениот“.
Во периодот кога работеше на снимањето на серијата „Судбината на Фатмаѓул“, Енгин започна врска со актерката Турку Туран.
-->
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира: