Вирална објава на Србинка: „На одмор не плаќам лежалки, си носам сендвичи на плажа - не ми е грижа дали некој ме гледа“
- Детали
- сабота, 24 јуни 2023
„Да чекав да имам доволно пари да спијам во луксузен хотел и да чекав да имам доволно пари за да јадам 3 оброци во ресторан за време на целиот одмор, никогаш никаде не би заминала“ – ја започнува својата објава на социјалните мрежи Србинка, која реши да им се спротивстави на сите оние што им се потсмеваат на „патлиџан туристите“.
Штом почне летната сезона на социјалните мрежи веднаш почнуваат да се разврзуваат дебатите за т.н. „патлиџан туристи“ и потсмевањата и обвинувањата упатени до нив дека ако немаат пари пристојно да одат на одмор, тогаш треба да си седат дома.
Што е пристоен одмор? Се запрашуваат многумина, а една жена од Србија на Фејсбук групата Live from Greece стана вистински хит со нејзината објава и одговорот што го упати до оние што им се потсмеваат и ги критикуваат „патлиџан туристите“.
Нејзиниот одговор ви го пренесуваме во целост:
1. Да чекав да имам доволно пари да спијам во луксузен хотел, никогаш никаде не би ни заминала.
2. Да чекав да имам доволно пари за да јадам 3 оброци во ресторан за време на целиот одмор, никогаш никаде не би заминала.
3. Да не гледав постојано како можам да заштедам, никогаш никаде не би заминала.
4. Да не правам компромиси и да не си поставувам приоритети, никогаш никаде не би заминала.
И сега кога не мораме:
Ние подготвуваме едноставни оброци на патувањата. Носиме сендвичи на прошетките. Носиме храна на летовите. Со месеци ги следиме цените на билетите за да поминеме што е можно поевтино.
Вклучуваме машина за перење ако ја имаме таму каде што сме сместени. Одиме во супермаркет. Одиме на пазар. Се возиме со градски превоз.
Јадеме на улица. Јадеме на клупа пред продавницата.
НЕ плаќаме лежалки и чадори ако имаме крпа и палма.
И тоа не нѐ прави несреќни, напротив – уживаме во секој миг затоа што не ни е гајле како ќе нѐ гледа некој Перо „од Инстаграм“, кој никој никаде нема да отиде затоа што му требаат специјални услови што никогаш нема да може да си ги дозволи“ – напиша таа.
Што мислите вие, треба ли да чекаме да имаме доволно пари за луксузен престој, пред да тргнеме на одмор?
Б. С. Б. | Црнобело / фото: depositphotos.com