„Сите се прашуваат каде е татко ми“ – Теодора Џехверовиќ искрено за односот со татко ѝ и за тешкото детство
- Детали
- сабота, 24 јуни 2023
„Татко ми беше против моето учество во ријалити шоу, но мајка ми и брат ми ме поддржаа. Да станува збор за моето дете и јас би застанала на страната на татко ми“ – признава Теодора Џехверовиќ. Во какви односи е пејачката со татко ѝ и зошто таа израснала без него?
Српската пејачка Теодора Џехверовиќ (26) искрено проговори за односот со нејзиниот татко и зошто тој ретко се појавува во јавност.
Таа славата ја стекна во ријалити шоуто „Задруга“, а потоа изгради музичка кариера, но вели дека татко ѝ не се согласувал со нејзините одлуки.
Познато е дека Теодора е мошне блиска со сите членови во нејзиното семејство, а честопати изјави за медиумите даваат и нејзината мајка Гордана и брат ѝ Сава, додека татко ѝ речиси никогаш не се појавува во јавност.
Фото: Фејсбук - Гордана Џехверовиќ
Теодора гостуваше во емисијата „Балканска улица“ каде зборуваше за односот со нејзиниот татко Сеад, кој по потекло е од Босна и Херцеговина, а наводно се скарал со семејството откако се оженил со мајка ѝ на Теодора.
„Многумина ме прашуваат каде е татко ми, затоа што тој не се експонира јавно. Просто човекот не сака да се појавува во јавност, а многумина мислат дека јас не сум во добри односи со него.
Тој не е човек што сака да се експонира и не очекуваше дека сето ова ќе се случи.
Татко ми беше против моето учество во ријалити шоу, но мајка ми и брат ми ме поддржаа. Да станува збор за моето дете и јас би застанала на страната на татко ми“ – изјави таа.
Teodora i njen otac❤❤
-->Posted by Nasa Jedina Teodora Dzehverovic on Saturday, January 12, 2019
Теодора додаде дека таа е вистинска „татина маза“, а дека откако таа наполнила 5 години татко ѝ не бил постојано со нив, затоа што по 10 месеци во годината поминувал во Русија, каде што работел како градежен работник.
Пејачката раскажува дека отсуството на нејзиниот татко најтешко го поднела мајка ѝ која морала да се грижи и за баба ѝ на Теодора која била неподвижна, а да води сметка и за Теодора и Сава.
фото: YouTube - принтскрин
Таа вели дека тешкото детство ја научило да биде многу скромна и благодарна за сѐ што денес има.
„Во многу незгодно време сум дошла на свет. Мајка ми дознала дека е бремена со мене додека го погребувала својот татко“ – вели таа.
По ова за мајка ѝ Гордана следувал тежок период, затоа што откако баба ѝ останала неподвижна таа останала да живее со нив, а нејзините сестрите почнале да ја тужат за да земат поголем дел од имотот.
фото: YouTube - принтскрин
Освен што редовно оделе на суд, семејството на Теодора честопати добивало и агресивни закани.
„Од една страна воопшто не ми е жал, затоа што така го споивме тоа малку што го имаме, мојот брат, мајка ми, татко ми и јас. Што се однесува до роднините, навистина немам многу.
Драго ми е што ние четворица сме толку блиски и што не успеаја да нѐ разделат. Се држевме цврсто еден за друг и бевме тука за мајка ми“ – вели таа.
Теодора вели дека денес не се срами да признае дека е родена и дека потекнува од селото Качарево во Северна Србија, туку дека не сака да се враќа таму затоа што има мошне лоши спомени.
Прочитајте и Семејството на Теодора Џехверовиќ крие една тајна од јавноста – Зошто одлучиле да ги променат имињата на децата?
Б. С. Б. | Црнобело