Сека Алексиќ придружуваше на полуматура девојче кое било жртва на врсничко насилство - твитерџиите воодушевени
- Детали
- понеделник, 12 јуни 2023
„Со ова покажа дека има срце од злато, браво Сека“ – коментираат твитерџиите за видеата на кои се гледа дека српската пејачка придружувала девојче од ромска националност на полуматура, кое со години било жртва на врсничко насилство.
Српската фолк пејачка Сека Алексиќ е хит на социјалните мрежи откако вчера (11.06) одлучи да придружува на полуматура едно девојче од ромска националност од Врбас, кое било жртва на врсничко насилство.
Алексиќ претходно чекала 7 часа лет кој доцнел, но сепак успеала да стигне на време и да го изненади девојчето, а на подарок ѝ дала огромен букет цвеќиња.
Заедно со Сека, девојчето го придружуваа и актерите од серијата „Игра судбине“ Стеван Пиале и Амар Мешиќ, кои изразија желба дека сакаат да дојдат откако Алексиќ на социјалните мрежи откри дека планира да оди и да ја придружува Миа на матурата.
Миа била во фокусот на вниманието за време на полуматурата, а на видео снимките и фотографиите нејзината радост е забележителна.
Mi odrasli smo pali svi na ispitu!
— Seka Aleksic (@poslednjilet) June 11, 2023
Mia sa drugarima je otišla na maturu, možemo samo da se nadamo da će deca biti mnogo bolji ljudi nego što smo mi! 🩷#stopnasilju pic.twitter.com/ksUv54HHfx
Сека го носела чадорот со кој таа и Миа заедно отишле на полуматура, а на социјалните мрежи доби голем број пофалби коментари од српската јавност која смета дека ова е вистински начин да се крене гласот против дискриминацијата.
„Браво Сека“, „Ти си личност на годината“,
„Оние што тоа дете го игнорираа треба да се засрамат, но вие направивте сега тие да се засрамат, а девојчето да се чувствува гордо. Браво“,
„Љубоморни се на девојчето затоа што е преубаво, а Сека покажа дека има срце од злато“ – стои во дел од коментарите.
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело