Најубавиот пар во Србија добива закани по животот на децата – Милош Биковиќ застана во одбрана

„Многу сум бесен и вознемирен. Би било многу несериозно ако во ситуација кога им се закануваат на моите деца и на семејството, заканите не ги сфатам сериозно. Сам ќе се обидам да си ги заштитам децата. Полицијата не реагира. Ништо не ми јавија, иако случајот го пријавив“, вели српскиот актер Петар Бенчина.

na-akterkata-tamara-dragichevikj-i-se-zakanija-deka-kje-i-gi-ubijat-decata-po-protestite-vo-belgrad-milish-bikovikj-javno-gi-osudi-zakanite-01.jpg

Српската актерка Тамара Драгичевиќ, која се прослави со улогата на Силвана Арменулиќ во филмот „Тома“, доби смртни закани за себе и своите деца. Заканите до Тамара беа испратени преку социјалните мрежи, откако таа и нејзиниот сопруг, актерот Петар Бенчина, се појавија на протестите „Србија против насиља“, кои се одржуваат во Белград.

Причината за протестите е масакрот во Белград, откако на 3-ти мај 2023 ученик од основното училиште „Владислав Рибникар“ уби 9 свои соученици и еден член на обезбедувањето.

Актерката веќе неколку седмици добивала анонимни смртни закани, откако првпат кажала дека оди на протест, но тие ескалирале на 9-ти јуни.

Во пораката што актерката ја добила од анонимен профил, пишувало и дека тие знаат каде ѝ е едното дете на рекреативна настава и на која локација се наоѓа.

Нејзиниот сопруг за Nova.rs изјави дека заканите ги пријавиле во полиција, но дека полицијата не реагира, па затоа тој самиот ќе мора да си го заштити семејството.

„Многу сум бесен и вознемирен. Би било многу несериозно ако во ваква ситуација, во која им се закануваат на моите деца и на семејството, заканите не ги сфатам сериозно.

Не верувам никому и утре ќе одам да си го земам детето од летување и сам ќе се обидам да го заштитам. Полицијата не реагира. Ништо не ми јавија, иако случајот го пријавив“, рекол актерот во изјавата.

na-akterkata-tamara-dragichevikj-i-se-zakanija-deka-kje-i-gi-ubijat-decata-po-protestite-vo-belgrad-milish-bikovikj-javno-gi-osudi-zakanite-03_1.jpg

Претходно и Тамара за порталот N1 изјави дека некој ги следи нејзините деца, а дека заканите ги пријавила во полиција. Оттаму ѝ рекле дека ќе го испитаат случајот.

na-akterkata-tamara-dragichevikj-i-se-zakanija-deka-kje-i-gi-ubijat-decata-po-protestite-vo-belgrad-milish-bikovikj-javno-gi-osudi-zakanite-02_1.jpg

Тогаш добила порака дека е подобро да биде покрај децата, отколку јавно да повикува на убиства.

„Тоа се закани. Некој ги следи движењата на моите деца и тоа го објавува јавно“, рече актерката, која на Инстаграм објави и видео од протестите.

na-akterkata-tamara-dragichevikj-i-se-zakanija-deka-kje-i-gi-ubijat-decata-po-protestite-vo-belgrad-milish-bikovikj-javno-gi-osudi-zakanite-04.jpg

Поддршка на Тамара и Петар им дадоа бројни колеги, меѓу кои и актерот Милош Биковиќ. Тој на Инстаграм Стори објави фотка со Тамара со порака:

„Да им се заканувате на нечии деца е казниво и недопустливо. Љубов за Тамара и Петар“.

na-akterkata-tamara-dragichevikj-i-se-zakanija-deka-kje-i-gi-ubijat-decata-po-protestite-vo-belgrad-milish-bikovikj-javno-gi-osudi-zakanite-02.jpg

Протестите „Србија против насиља“ се одржуваат секој петок во Белград и до сега имаше шест протести. Тие се организираат откако во основното училиште „Владислав Рибникар“ ученик уби 9 свои соученици и еден член на училишното обезбедување, а потоа се случија уште неколку убиства со селата Мало Орашје и Дубон и во белградската приградска општина Младеновац.

На последниот протест преку разглас беше пуштена композицијата на Андрија Чекиќ, еден од учениците кои беа убиени во училиштето во Белград, а говор одржаа актерите Јелисавета Сека Саблиќ и Милан Мариќ.

Видео од протестите во Белград:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Белград е претворен во зимска бајка: Божиќен маркет, лизгалиште на отворено (фото) Белград е секогаш одличен избор за викенд патување, но во времето на празниците,...
„Те сакам до аголот на вселената“: Синот на Тијана Дапчевиќ наполни 15 години (фото) „Сине, среќен 15-ти роденден. Мама и тато те сакаат до аголот на вселената“, пиш...
Марија Шерифовиќ покажа како изгледал патот со синот од САД до дома: „Најстресното искуство во мојот... „Засега сѐ оди лесно, но мора да кажам дека ова ми е најстресниот ден во животот...
Бејби бум: 6 познати жени кај нас и во регионот кои ќе станат мајки во 2024 Сања Кужет, Тамара Чуприна, Хана Хуљиќ ќе станат мајки до крајот на оваа година....
Венчавка, крштевка и втора бременост - Тамара Милановиќ од „X-фактор“ славеше за три работи во еден ... Тамара Милановиќ, една од миленичките во „Х-фактор“, која се натпреваруваше заед...
Најдобриот другар го тужел за пари, ги крие девојките – Што знаеме за грчкиот пејач Никос Вертис? Во 2017-та година се најде среде скандал кога најдобриот другар од детството го ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg