Има милиони, а не ги разгалува децата – Лука Модриќ направи скромен роденден за синот

Ивано, синот на ѕвездата на „Реал Мадрид“, Лука Модриќ, роденденот го прослави скромно, а темата беше фудбал. Тортата на два ката на врвот имаше златна топка, а во делот за фотографирање беа поставени два фудбалски трофеја. И покрај тоа што Лука има милиони, тој одбива да ги разгалува децата како повеќето богаташи.

ima-milioni-a-ne-gi-razgaluva-decata-luka-modrikj-napravi-skromen-rodenden-za-sinot-01.jpg

Ивано, синот на ѕвездата на хрватската фудбалска репрезентација и на „Реал Мадрид“, Лука Модриќ, наполни 13 години.

Модриќ, кој има преку 30 милиони следбеници на Инстаграм, ретко споделува приватни фотографии на социјалните мрежи, па ги изненади фановите со фотките од прославата на роденденот на синот.

„Среќен роденден големо момче. Те сакам многу“, напиша Лука и сподели дел од атмосферата од роденденската прослава.

Ивано роденденот го прослави скромно, иако татко му „тежи“ 75 милиони евра. Темата на забавата беше фудбал.

Тортата на два ката на врвот имаше златна топка, а во делот за фотографирање беа и два фудбалски трофеја и многу балони.

ima-milioni-a-ne-gi-razgaluva-decata-luka-modrikj-napravi-skromen-rodenden-za-sinot-03.jpg

Лука, кој е една од најголемите фудбалски ѕвезди во светот, заработува милиони, но не ги разгалува децата - синот Ивано и ќерките Ема и Софија.

Тој секогаш им приредува скромни прослави и не се расфрла со пари за нив.

ima-milioni-a-ne-gi-razgaluva-decata-luka-modrikj-napravi-skromen-rodenden-za-sinot-04.jpg

Во една прилика Модриќ рече дека тој и сопругата Вања, која е 6 години постара од него, сакаат да им всадат вистински животни и семејни вредности на децата.

На оваа нивна желба има влијание и детството на Лука.

ima-milioni-a-ne-gi-razgaluva-decata-luka-modrikj-napravi-skromen-rodenden-za-sinot-02.jpg

Тој потекнува од сиромашно и скромно семејство, а пред неколку години се појави видео на кое се гледа како тогаш 5-годишниот Лука чува стадо овци на Велебит.

Лука во видеото е на 2:30.

A. J. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Бившата му родила син, додека тој бил во врска со друга – Љубовниот живот на Лука Јовиќ е како шпанс... Јавноста дозна дека на 22 години Лука Јовиќ стана татко и доби син, а само 4 мес...
Му наплати 600 евра на Кеба за да го разубави, заработи милиони од цртање веѓи – Кој е Адам Адактар? Сака уште 3 сина, но не сака жена му да ги роди, за да не ѝ се уништи телото. Од...
Огњен Амиџиќ објави прва фотка од новородениот син: „Има коса како прваче“ Сакал на синот да му даде име што ќе биде единствено, па затоа се одлучил за име...
Марија Шерифовиќ сподели нови фотки од синот Марио – На 9 месеци застанал на нозе, ја носи кошулата ... „Умирам за него, не можам да живеам без него“ – призна мајката на Марија Шерифов...
Бејби бум: 6 познати жени кај нас и во регионот кои ќе станат мајки во 2024 Сања Кужет, Тамара Чуприна, Хана Хуљиќ ќе станат мајки до крајот на оваа година....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg