„Го продадов пиштолот за да не се убијам кога го изгубив семејството“: Потресна приказна на Д-р Иги, една од најголемите балкански ѕвезди во ’90-тите

„Прво го изгубив брат ми. Почина кога имаше само 31 година. По него почина татко ми, а брзо потоа и мајка ми. Таа не можеше да се помири со фактот дека нејзиниот син веќе го нема. Падна во тешка депресија. Кога почина и таа, посакав и јас да се убијам“, вели Д-р Иги, една од најголемите музички ѕвезди во 1990-тите.

go-prodadov-pishtolot-za-da-ne-se-ubijam-koga-go-izgubiv-semejstvoto-potresna-prikazna-na-d-r-igi-edna-od-najgolemite-dzvezdi-vo-90-tite-01.jpg

Игор Тодоровиќ, познат како Д-р Иги, е еден од најпопуларните пејачи од 1990-те години. Се прослави со песната „Очи боје дуге“, заработуваше и до 40.000 марки од настап (околу 20.000 евра), а потоа го снема од сцената и почна да пропаѓа.

Игор тврди дека во времето на најголемата слава не можел да се одбрани од девојките кои го бркале на секој чекор. Секој ден ги честел пријателите со сè и сешто, бидејќи не можел да ги потроши парите.

go-prodadov-pishtolot-za-da-ne-se-ubijam-koga-go-izgubiv-semejstvoto-potresna-prikazna-na-d-r-igi-edna-od-najgolemite-dzvezdi-vo-90-tite-05.jpg

„Колку и да велат некои дека ’90-тите беа најлоши години, мене ми беа најубави. Бевме млади, заработувавме многу, патувавме, секаде бевме омилени. Тука мислам на целата естрада, не само на себе. Навистина бевме ѕвезди.

Се сеќавам, пред мојата куќа стоеја и по 40, 50 девојки, чекаа да се фотографираме. Имаше голема еуфорија. Имав и јахта, 2-3 автомобили, пријателите ги водев на скијање, на летувања...

Заработував и по 40.000 марки од настап во тоа време, што е околу 20.000 евра денес, а имав само 25 години. И сето тоа го постигнав сам, со својот труд“, рече Игор во едно интервју.

Но, по огромниот успех, пејачот што беше миленик на жените доживеа тешка судбина. До толку, што посака да се самоубие.

„Прво го изгубив брат ми. Почина кога имаше само 31 година. По него почина татко ми, а брзо потоа и мајка ми. Таа не можеше да се помири со фактот дека нејзиниот син веќе го нема.

Падна во тешка депресија. Кога почина и таа, посакав и јас да се убијам. Не гледав излез од тешката ситуација. На крај го продадов пиштолот, за да не се убијам кога останав без семејството“, вели Д-р Иги.

go-prodadov-pishtolot-za-da-ne-se-ubijam-koga-go-izgubiv-semejstvoto-potresna-prikazna-na-d-r-igi-edna-od-najgolemite-dzvezdi-vo-90-tite-03.jpg

„Често одам на нивните гробови, им раскажувам сè што ми лежи на душата. Многу ми недостигаат. Жалам по родителите, но многу ми е тешко откако го загубив брат ми“, рече Игор во едно интервју.

Што знаеме за некогашната тинејџерска ѕвезда?

Роден е на 22 ноември 1970 година во Белград.

go-prodadov-pishtolot-za-da-ne-se-ubijam-koga-go-izgubiv-semejstvoto-potresna-prikazna-na-d-r-igi-edna-od-najgolemite-dzvezdi-vo-90-tite-04.jpg

Се прослави преку ноќ со песната „Очи боје дуге“ која се слуша и денес, а која е дел од истоимениот албум.

Брзо откако го издаде албумот „Очи боје дуге“, јавноста дозна дека женските вокали ги пее Ивана Петерс, а девојката која се појавува како женски вокал, само отвора уста на сцена.

Скандалот сепак не му ја уништи кариерата.

go-prodadov-pishtolot-za-da-ne-se-ubijam-koga-go-izgubiv-semejstvoto-potresna-prikazna-na-d-r-igi-edna-od-najgolemite-dzvezdi-vo-90-tite-07.jpg

Во 1996 година Игор го прослави роденденот во преполниот „Сава центар“ во Белград, а 90% од публиката беа жени.

Последниот концерт го одржа во 2010 година, исто така во „Сава центар“.

go-prodadov-pishtolot-za-da-ne-se-ubijam-koga-go-izgubiv-semejstvoto-potresna-prikazna-na-d-r-igi-edna-od-najgolemite-dzvezdi-vo-90-tite-06.jpg

Денес Д-р Иги живее скромно и ретко настапува, а не е вработен.

Тој има свое училиште за фудбал во Белград.

„Ова е мојата професија откако дипломирав во 2002 година. Оттогаш сум посветен на децата и фудбалот. Некои велат дека живеам два паралелни живота, но јас сум среќен вака“.

go-prodadov-pishtolot-za-da-ne-se-ubijam-koga-go-izgubiv-semejstvoto-potresna-prikazna-na-d-r-igi-edna-od-najgolemite-dzvezdi-vo-90-tite-02.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Партнерот ја оставил додека била бремена, заради ракот на мајка ѝ банкротирала – Тажната приказна на... Сама ги одгледала синовите близнаци затоа што партнерот ја оставил додека била б...
Татко му се самоубил – Тажната приказна за актерот кој го толкува Орхан во серијата „Грешници“ Вели дека најголемата грешка му била што не ја прифатил улогата на Полат Алемдер...
Мајка ѝ не сакала да ѝ помогне, Цеца ѝ го плати лекувањето – Тажната приказна на Исидора Бјелица „Како да не ве боли кога мајка ви оди на одмор додека сте на хемотерапија, или а...
„Сопругот сакал да ѝ ја одземе Марија, му ги плаќала коцкарските долгови“ – Тажната приказна на Вери... Во младоста сакала да се разведе, но тој ја уценувал. На крај, по 20 години брак...
Татко му го украл од болница кога бил бебе - Животната приказна на Хари Мата Хари На многу млади години станал татко, а потоа добил и вонбрачен син. Некогаш важел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg