Сите мислеа дека е гола под фустанот – Ела Дворник покажа како ја сокрила долната облека под длабокиот отсечок на грбот (видео)
- Детали
- четврток, 08 јуни 2023
„Кога ќе го искористите овој трик, добивате гаќи што се толку ниски, што нема да се гледаат под фустанот што вечерва јас ќе го носам“ – вели Ела Дворник. Хрватската пејачка има нов трик за криење на долната облека под смелите тоалети. Што мислите, дали е изводлив?
Меѓу познатите личности што прошетаа на црвениот тепих на Story Hall of Fame што се одржа во вторникот (06.06) во Загреб, Хрватска, беше и ќерката на Дино Дворник, Ела која на себе носеше фустан со голем отвор на грбот, па речиси целосно ѝ се гледаше задникот.
На фотографиите и на видеата од настанот Ела делува како воопшто да не носи долна облека на себе, а традиционално, како што тоа го направи и минатата година и овојпат откри како успеала да ја скрие долната облека и да не биде целосно гола под фустанот на црвениот тепих.
Таа објави видео со туторијал во кое покажа како успеала да ги скрие гаќите за да не се гледаат од длабокиот отсечок на грбот.
Како што рече, трикот го смислила сама, а всушност ѝ биле потребни само две безопасни игли за да го реализира.
„Го земаме овој горен дел, го преклопуваме и го кратиме со помош на безопасни игли. Кога ќе го преклопите добивате гаќички што се толку многу ниски што нема да се гледаат на фустанот“ – појасни Ела.
Погледнете го видеото:
Б. С. Б. | Црнобело