„Девојка со крилја“: Инспиративната Србинка која е родена без раце со ангелска фотосесија го одбележа 3-иот месец на ќерката
- Детали
- вторник, 06 јуни 2023
„Заедно летаме кон нови височини, храбро и со верба во нашите соништа“ – Дејана Бачко која е родена без раце објави фотосесија на која позира како ангел, заедно со 3-месечната ќеркичка Лара.
Србинката Дејана Бачко е инспирација за многумина. Иако е родена без раце, ова не ја спречува да го живее животот во полн здив: има медали за теквондо, црта со помош на нозете, со својот партнер креира онлајн и фитнес програми, а неодамна стана мајка за првпат.
На Инстаграм Дејана е потпишана како „Девојка со крилја“, а во последниот период постојано покажува дека не сака да дозволи хендикепот да ја ограничи и да не ги оствари своите најголеми сништа.
Додека многумина се прашуваат како е возможно Дејана сама да се грижи за малата ќерка, таа редовно објавува видеа и фотографии на Инстаграм на кои покажува дека ништо не е невозможно кога навистина се сака.
Од видеата може да се види дека недостатокот на раце не ја спречува Дејана сама да ја преоблече ќерката, да ја земе на градите и да ја нахрани, а сега откако малата Лара наполни 3 месеци, Дејана на Инстаграм објави нова фотосесија, во која позира како ангел.
„Заедно, летаме кон нови височини, храбро и со верба во нашите соништа.
Нека оваа фотографија биде потсетник за сите вас да сонувате големи соништа, да се потпирате едни на други и заедно да летате низ животот со љубов, храброст и безгранична доверба“ – напиша таа.
Инаку, Дејана се породи со Лара на 24-ти февруари годинава, а оттогаш па наваму редовно споделува фотографии и видеа од ќеркичката.
Погледнете повеќе фотографии и видеа од Дејана во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело