Најзгодните доктори во Србија – врвни лекари по кои жените лудуваат
- Детали
- недела, 11 јуни 2023
Откако Daily Mail го прогласи белграѓанинот Василије Вујовиќ за најсекси естетски хирург на светот, почна вистинската хистерија по него. Кои се најзгодните српски лекари кои се сон на секоја жена?
Дамите сакаат мажи во униформа, но на прво место им се лекарите. Па уште ако се згодни, тие се вистински сон на секоја жена.
На лекарите им оди во прилог и тоа што се паметни, сочувствуваат со другите и се грижливи - карактеристики што повеќето жени ги бараат кај партнерот.
Кои се најзгодните доктори во Србија?
Д-р Василије Вујовиќ, специјалист за реконструктивна и естетска хирургија
Британскиот Daily Mail го прогласи белграѓанинот Василије Вујовиќ за најсекси естетски хирург на светот. И, оттогаш почна вистинската хистерија по него.
Иако е женет и има син, тоа не ги спречува девојките да му пишуваат секојдневно.
„Не сакам агресивни девојки, туку интересни, забавни и со смисла за хумор. Физичкиот изглед не е важен, важно ми е таа да ми е мене убава“, рече тој во една прилика.
Д-р Борис Стаменковиќ, стоматолог
Пред да се посвети целосно на професијата, Борис беше модел, а беше во врска и со пејачката Катарина Грујиќ. Откако раскинаа, тој се повлече од јавниот живот и ѝ се посвети на стоматологијата.
Д-р Дејан Димитријевиќ, гинеколог
Димитријевиќ (52) е прогласен за еден од 15-те најдобри гинеколози во Србија. За тоа колку е посветен и стручен зборува и фактот што породил илјадници жени, а тие имаат само пофалби за него. Оженет е и има син.
Д-р Милош Вучиќ, стоматолог
Милош ѝ е брат на пејачката Сања Вучиќ (некогашна членка на „Hurricane“), но и одличен стоматолог.
Иако денес има мускулесто тело, некогаш имал проблем со вишок килограми. Сепак, за една година успеал да симне 25kg и да се трансформира целосно.
„Како дете бев дебел, Сања исто. Но, кога во 2011 тргнав на факултет, решив да се сменам. Почнав да тренирам интензивно, и по неколку години стигнав до килограмите што ги имам денес“, рече тој во една прилика.
https://www.instagram.com/p/CnDNgRLMQJe/
https://www.instagram.com/p/Cj_baCwMvgf/
Д-р Срѓан Продановиќ, хирург
Овој хирург важи за еден од најдобрите во Србија. Жените неколкупати го избираа за лекар со најубава насмевка. Оженет е и има дете.
А. Ј. | Црнобело