„И покрај големата трагедија, собра сили да биде до саканиот“ – Немања Гудељ сподели новa емотивна фотка од Анастасија

Српскиот фудбалер Немања Гудељ минатата недела ги објави тажните вести дека тој и Анастасија го загубиле бебето во бременоста, а сега редовно споделува фотографии со кои покажува дека неговата партнерка и покрај тоа што претрпе голема загуба, сепак била до него во најважните мигови.

i-pokraj-golemata-tragedija-sobra-sili-da-bide-do-svojot-partner-nemanja-gudelj-spodeli-nova-emotivna-fotka-od-anastasija-01.jpg

Само неколку дена по загубата на бебето, Немања Гудељ со својот клуб Севиља го играше финалниот натпревар од Лига Европа, а победата ја посвети на прерано загубената ќеркичка.

i-pokraj-golemata-tragedija-sobra-sili-da-bide-do-svojot-partner-nemanja-gudelj-spodeli-nova-emotivna-fotka-od-anastasija-02.jpg

По загубата на бебето, Анастасија се повлече од јавноста и го избриша својот профил на Инстаграм, а многумина коментираа на социјалните мрежи дека загубата на бебето ќе значи и крај за врската за младиот пар кој привлекува големо внимание кај српската и балканската јавност.

Но, Немања постојано објавува нови фотографии со кои сака да покаже дека неговата партнерка била со него во најважните мигови од неговиот живот.

i-pokraj-golemata-tragedija-sobra-sili-da-bide-do-svojot-partner-nemanja-gudelj-spodeli-nova-emotivna-fotka-od-anastasija-03.jpg

Така, пред неколку дена објави фотографии на кои се гледа дека во моментот откако го земал пехарот, до него биле членовите на неговото семејство, но и Анастасија која позира со нив без грам шминка.

Овие фотографии предизвикаа голем број коментари, а многумина упатија поздрав до Анастасија која, и покрај големата семејна трагедија, застана до својот партнер:

„Без разлика на тоа што мислам за останатите членови на семејството (Ражнатовиќ). Поддршка за жената што по најголемата трагедија во својот живот најде сила и имаше желба да биде до својот маж и неговиот голем професионален успех“;

„Преубаво е да ве видиме сите заедно. Браво за сите вас. Браво Немања... најмногу љубов за Анастасија“ – стои во дел од коментарите.

i-pokraj-golemata-tragedija-sobra-sili-da-bide-do-svojot-partner-nemanja-gudelj-spodeli-nova-emotivna-fotka-od-anastasija-07.jpg

Инаку, дел од српските медиуми информираа дека Анастасија од Будимпешта заминала сама во Белград, за да се одмори во семејниот дом на Дедиње.

Додека некои луѓе во коментарите пишуваат дека ваквата одлука на парот да се раздели ќе значи крај на нивната врска, Немања сподели уште една фотка со која покажа дека нивната љубов е вистинска и може да победи сѐ.

На Инстаграм Стори тој објави фотографија на која ја бакнува својата сакана на главата, а таа во раце го држи пехарот што тој го освои минатата недела.

i-pokraj-golemata-tragedija-sobra-sili-da-bide-do-svojot-partner-nemanja-gudelj-spodeli-nova-emotivna-fotka-od-anastasija-06_copy_copy.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Бог да ни ја чува љубовта“ – Анастасија и Немања Гудељ прославија 1 година брак „Нека Бог ни ги заштити нашата љубов и бракот до крајот на нашите животи“ – пора...
На 86 години, Гркинката Анастасија едреше на даска од Кефалонија до Закинтос (фото) Анастасија од Грција има 86 години, но возраста не ја спречува да се посвети на ...
Марија Шерифовиќ објави песна посветена на синот Марио: „Ја пишував додека сонував за него“ Само неколку дена откако стана мајка, Марија Шерифовиќ ја објави првата песна шт...
Анастасија и Немања Гудељ со емотивни пораки одбележаа 2 години врска: „Ти благодарам што ме сакаш“ Ќерката на Цеца Ражнатовиќ, Анастасија и нејзиниот сопруг прославија 2 години вр...
Петар Грашо го откри полот на бебето што го очекува – Дали пак ќе му го даде името што го планирал с... Пред извесен период хрватскиот пејач Петар Грашо, откри дека неговата сопруга Ха...
Марија Шерифовиќ покажа како изгледал патот со синот од САД до дома: „Најстресното искуство во мојот... „Засега сѐ оди лесно, но мора да кажам дека ова ми е најстресниот ден во животот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg