Србин во странство стана хит со огласот за сопруга: „Само да не е слабокрвна и да не седи на Фејсбук“
- Детали
- понеделник, 05 јуни 2023
„Имам три хотели во Европа. Девојката мора да биде здрава и да не седи на Фејсбук“ – Србин е хит на социјалните мрежи заради огласот за жена што го објави. Неговите барања за некои се смешни, а за други контрадикторни.
Честопати Балканците кои живеат во странство бираат партнери од нашите простори, а сѐ попопуларни се огласите со кои бараат партнери на социјалните мрежи.
Така еден оглас од еден Србин беше споделен на Reddit, а предизвика лавина коментари.
Најголем број од оние што го видоа огласот коментираат за неговите бизарни барања, кои малку се контрадикторни.
Во македонскиот превод на текстот се обидовме колку е можно повеќе да ги доловиме правописните и печатните грешки, за да се воочи контрадикторноста на барањата на Србинот:
„Барам женска личност дасе омажи земене. Женската мора да има до 31 година. Мора да биде здрава личност и да не е слабокрвна.
Треба да биде образована факултетски, затоа што и јас сум завршил училиште.
Мора таа да биде добра готвачка и да не биде премногу на Фејсбук и да неме изневерува со други машки.
Имам три мои хотели во европа. Дамите што ги исполнуваат моите барања да мисе јават во инбокс“ – стои во огласот.
Логично, оваа објава предизвика низа коментари на социјалната мрежа, а некои коментираат:
„Не сум постојано на Фејсбук, но може ли да седам на Rediit?“;
„Задолжително приложете резулати од анализа на крвта и немојте да сте посмислиле да ја скриете анемијата“;
„Ајде девојки да јадете коњско месо со цвекло за да можете да уживате по европските хотели“.
Други пак, коментираат за тоа што тој бара девојката да биде факултетски образована, а од објавата може да се види дека и самиот прави основни правописни грешки:
„Градинката не е училиште“;
„Сигурно завршил училиште за 500 евра“.
Б. С. Б. | Црнобело