Николина Пишек искрена за животот како вдовица: „Добивам закани, најблиските сакаат да ѝ наштетат на ќерка ми“

„Добивав голем број пораки во инбокс каде ме осудуваа, па дури и ми се закануваа. Ми зборуваа многу неубави работи и го осудуваа тоа што сакав да продолжам со животот“ – Николина Пишек искрено зборува за животот како вдовица и самохрана мајка, а открива дека семејството на нејзиниот покоен сопруг целосно се откажало од нивната заедничка ќерка.

nikolina-pishek-iskrena-dobivam-zakanuvachki-poraki-najbliskite-sakaat-da-i-nashtetat-na-nashata-kjerka-01.jpg

Хрватската водителка Николина Пишек даде искрено интервју за хрватските медиуми во кое отворено говори за тешкотиите со кои се соочува како самохрана мајка, но и како вдовица на Видоје Ристовиќ.

Нејзиниот сопруг почина пред една година, а Николина во моментов води легална битка, со која се обидува да го заштити сопствениот имот и дa обезбеди егзистенција за нивната 8-годишна ќерка Уна Софија.

View this post on Instagram

A post shared by Nikolina Pisek (@nikolina_pisek)

Николина вели дека најмногу проблеми има затоа што по смртта на сопругот таа продолжува да работи како водителка и постојано е на малите екрани, а според „балканските норми“ се очекува таа да се повлече и да го чува приватниот живот подалеку од очите на јавноста.

„Мене ме осудуваа поради тоа што работам, а јас не можев да си дозволам нешто друго и добро е што не го направив тоа, затоа што веројатно тогаш би се загубила себеси и својот здрав разум.

Добивав голем број пораки во инбокс каде ме осудуваа, па дури и ми се закануваа. Ми зборуваа многу неубави работи, што сега не би сакала да ги изговорам, а со нив го осудуваа тоа што сакав да продолжам со животот.

Притоа, никој не зема предвид дека јас имам дете и дека сум одговорна за неа и дека морам да ја изведам на вистински пат, дека тоа дете мора нешто да јаде, дека мораме да живееме ако сакам да опстанеме“ – вели Николина за Zagreb.info.

По медиумската хајка што се водеше во Србија против неа, Николина вели дека денес никој од семејството на нејзиниот покоен сопруг не прашува за тоа како е нивната ќерка Уна Софија.

„Никој не прашува за неа. Кога ќе кажам никој, навистина мислам апсолутно никој и тоа е тажно.

Се обидувам да си објаснам дека никој не е должен да се занимава со неа, затоа што јас сум ѝ мајка и дека јас би требало да ја заштитам. Но, мене ми е контрадикторно тоа што сакаат да ѝ наштетат.

Со оглед на тоа што сите сакаат да се наметнат и да добијат материјална корист, тие сакаат да ѝ наштетат на мојата ќерка и да нѐ попречат да водиме нормален живот“ – вели таа.

Николина пред себе има долга легална битка, а вели дека очекува процесот да трае со години.

Освен што е во конфликт со таткото на нејзиниот сопруг, Виктор Ристовиќ, таа е во конфликт и со неговата прва сопруга Лана која бара дел од наследството.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ведрана Рудан објави дека боледува од рак: „Животот е убав и кога смртта ќе ти тропне на врата“ „Денес престанувам да пишувам на блогот, затоа што ќе се посветам на лекувањето ...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Мајка ѝ не сакала да ѝ помогне, Цеца ѝ го плати лекувањето – Тажната приказна на Исидора Бјелица „Како да не ве боли кога мајка ви оди на одмор додека сте на хемотерапија, или а...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
„Ми се скрши нокт на склекови“ - Хит видео на Хрват за младите момци на кои им воведоа воен рок „Нѐ натераа сами да си ги местиме креветите, немав време за мојот ритуал за убав...
Огњен Амиџиќ објави прва фотка од новородениот син: „Има коса како прваче“ Сакал на синот да му даде име што ќе биде единствено, па затоа се одлучил за име...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg