Јелена Карлеуша во мрежести хулахопки и чанта од 4.000 евра, Наташа Беквалац во гол фустан – Славните Србинки на црвениот тепих во Белград (фото)
- Детали
- четврток, 01 јуни 2023
„Кога ќе претера, претерано е!“, „Некаде заборавила половина јакна“ - се шегуваат во коментари дел од корисниците на социјалните мрежи откако го видоа синоќешното издание на Јелена Карлеуша на Story Celebrities Only Party, што се одржа во Белград. Според други пак, таа е 10-тина години пред другите во поглед на модните изданија. Кои други познати Србинки прошетаа на црвениот тепих?
Вчеравечер (31.05) во Белград се одржа забава организирана од магазинот Story наменета само за најпознатите имиња на српската естрада, а на црвениот тепих продефилираа голем број познати личности.
Забавата е организирана по повод 18-годишнината од постоењето на познатиот српски магазин, а најголемо внимание привлече Јелена Карлеуша која се појави во мрежести хулахопки и градник и на себе ја носеше бизарната чанта на Balenciaga со „вградена“ ракавица.
Оваа чанта во моментов се продава по цена од 4.000 евра.
Дел од оние што го видеа аутфитот на Јелена, на социјалните мрежи коментираат дека повторно претерала и дека станува збор за невкусно издание, други пак, сметаат дека таа е 10-тина години пред сите, во поглед на модниот избор.
„Кога ќе претера, претерано е“, „Срам ми е веќе да те гледам“, „Еј, Јецка, си загубила некаде половина јакна“, „Преубава си“ ,„Секогаш си 10 години пред другите“ - стои во дел од коментарите.
Дали Јелена претерала или изгледа ултра модерно, проценете сами.