До полнолетство ја криеше од очите на јавноста, нејзини фотки се најдоа на Тиндер – Што знаеме за Уна, ќерката на Здравко Чолиќ?
- Детали
- среда, 31 мај 2023
За Уна Чолиќ често коментираат дека му задава вистински главоболки на нејзиниот татко Здравко Чолиќ заради провокативните фотографии што ги објавува. Тој самиот вели дека таа во моментов е пославна од него, а Уна на Инстаграм со емотивна порака му го честиташе 72-иот роденден.
Легендарниот пејач Здравко Чолиќ, го прослави својот 72-ри роденден, а на социјалните мрежи неговата ќерка Уна Чолиќ (21) објави повеќе фотографии со кои што му го честиташе.
„Среќен роденден на најдобриот татко. Ти си моја гордост. Те сакам“ – напиша таа на фотографиите.
Здравко Чолиќ во една пригода изјави дека е премногу попустлив со ќерките и дека едноставно не може да им каже не, па неговата сопруга мора да биде строга.
Здравко е во брак со сопругата Александра од 2001-ва година, кога ја добија и ќерката Уна, додека 5 години подоцна, во 2006-та година, ја добија и ќерката Лара.
Интересно е тоа што Здравко е многу повлечен кога станува збор за приватниот живот и се обидува максимално да ги скрие својата сопруга и ќерки од очите на јавноста. Тој во една пригода откри како реагираат тие со оглед на тоа што пејачот постојано има настапи и отсуствува од домот.
„Ништо не ми замеруваат. Што има да ми замеруваат?
Се сакаме. Тие знаат и навикнати се дека сум многу посветен на музиката.
Иако семејството го сакам повеќе, сепак музиката е таа што ми прави задоволство. Нема поубав звук од оној на инструментот што ќе го понесе ритамот“ – вели Здравко.
Сепак, иако Здравко долго време се трудеше да ја крие Уна од очите на јавноста, таа откако стана полнолетна почна активно да споделува фотографии на социјалните мрежи и моментално на Инстаграм има над 42.000 следбеници.
Нејзините фотографии од патувањата и излегувањата со пријателките, честопати и во мошне смели модни изданија и бикини, привлекуваат внимание и кај српските медиуми, а во една пригода самиот Здравко изјави дека неговата повозрасна ќерка е пославна и од него:
„Уна е сега попопуларна и од мене. Има свои обожаватели. Шега настрана, сето тоа е добро, нека биде така. Но, мене другата ќерка Лара ме воодушевува затоа што ги знае сите мои песни“ – рече тој.
Инаку, свој профил на Инстаграм има и помалата ќерка Лара, но таа сѐ уште нема толку многу следбеници како нејзината сестра.
https://www.instagram.com/p/Csdz9UVMc3K/?hl=en
Инаку, во февруари годинава Уна се огласи и бараше некој да ја сопре личноста што ги зема нејзините фотографии и лажно со нив се претставува на апликацијата за запознавање Тиндер.