Србинката Аника е омажена за арапски принц - jа запросил со билборд среде Париз, имаа луксузна свадба во Грција
- Детали
- сабота, 27 мај 2023
Нејзиниот сопруг Јусуф нема титула, но заради богатството го нарекуваат „арапски принц“, а поради него Србинката Аника Божиќ ал Сарај го доби прекарот „арапска принцеза“. Како изгледа животот на оваа убава Србинка која се омажи за арапски милионер?
Убавата Србинка Аника Божиќ е позната српска манекенка и модна новинарка која во 2014-та година се омажи за Јусуф Ал Сарај, кој по потекло е од Палестина.
Јусуф е богат арапски бизнисмен, кој живее на релација Париз – Каиро, а заедно тие двајца го добија синот Омар (7).
Во продолжение прочитајте неколку интересни факти за арапската принцеза со српско потекло што можеби не сте ги знаеле:
Аника Божиќ (36) потекнува од Сремска Митровица од имотно семејство на стоматолози, но како дете се преселила и пораснала во Белград.
Во 2010-та година Аника преку заеднички пријатели го запознала сегашниот сопруг Јусуф, но вели дека меѓу нив веднаш не се родила љубов, туку долго време поминувале заедно, па одлучиле да ѝ дадат шанса на врската.
„На почетокот не бев воодушевена од него, а мислам дека ниту тој не беше воодушевен од мене. Значи не станува збор за љубов и заљубеност на прв поглед, туку подоцна, низ дружење сфативме дека сме совршени еден за друг“ – раскажа таа во една пригода.
Убавата Србинка во една пригода откри дека нејзиниот сопруг ја запросил на мошне оригинален и романтичен начин.
Тие двајца биле во ноќно разгледување на Пaриз и во еден миг возачот го сопрел автомобилот и ја замолил да излезе затоа што имало порака за неа, а надвор на билбордот било отпечатено прашањето: „Дали ќе се омажиш за мене?“