Како српскиот претставник на Евровизија им оддаде почит на семејствата на настраданите во двата масакри? (видео)
- Детали
- вторник, 09 мај 2023
Со црна лента на кошулата, српскиот претставник на Евровизија 2023, Лук Блек им оддаде почит на жртвите што настрадаа во двата масакри во неговата земја. Претходно рече дека својот настап ѝ го посветува на својата земја која неизмерно пати, како и на семејствата на починатите.
Српскиот претставник Лук Блек вечерва го имаше својот настап во првата полуфинална вечер на Евровизија 2023.
Тој настапи трет по ред, а забележително е дека на себе носеше црна лента прикачена за белата кошула во знак на почит на жртвите што настрадаа неодамна во Србија.
Прво во трагичниот напад во училиштето на „Врачар“ кога седмодделенец усмрти осуммина соученици, а потоа и во другиот напад кога 21-годишник во Младеновац пукаше со пушка и уби 8 лица, а рани 13.
„Јас се трудам да бидам колку може попрофесионален, да одам на сите настани за кои дојдов. Никому во тимот не му е до песна, но мораме. Својот настап ќе го посветам на цела Србија, која во моментов неизмерно страда заради овие настани, како и на семејствата на починатите“ – рече тој.
Настапот на Лук Блек со песната „Samo mi se spava“ доби громогласен аплауз.
Serbia? More like Servia. GAME OVER 🇷🇸 #Eurovision2023 pic.twitter.com/szpKljnI48
— BBC Eurovision (@bbceurovision) May 9, 2023
Инаку, вечерва во Лондон се одржува првата полуфинална вечер од Евросонг 2023. Публиката имаше можност да ги проследи првите 15 учесници на изборот. Во втората полуфинална вечер, што ќе се одржи, задутре (11.05) ќе учествуваат 16 натпреварувачи.
Од нив, вкупно 20 земји ќе настапат на финалната вечер, заедно со петте земји што не се натпреваруваат во полуфиналните вечери.
Инаку, новитет годинава е тоа што за првпат се воведува и онлајн гласање.
Б. С. Б. | Црнобело