Марија Микиќ го роди второто дете и објави први фотки – забремени 1 месец по раѓањето на првото
- Детали
- четврток, 04 мај 2023
„Станав татко на уште едно момче. Ти благодарам храбра моја. Ти благодарам што децата и семејството ти се пред сѐ“ – ѝ порача Јован Пантиќ на својата вереница, српската пејачка Марија Микиќ, која утрово на свет го донесе синот Милија. Пејачката привлече внимание откако забремени само еден месец по породувањето со првото дете.
Српската пејачка Марија Микиќ (30) беше топ тема во српските медиуми откако се дозна дека останала бремена само еден месец по породувањето со првото дете, ќерката Ѓурѓа, а сега нејзиниот вереник ги објави првите фотки од второто дете.
Марија Микиќ и нејзиниот вереник Јован Пантиќ, утрово го добија своето второ дете, синот Милија Пантиќ.
Таткото Јован, кој има уште еден син од претходна врска, ги објави првите фотографии од бебето, а до нив напиша:
„Станав татко на уште едно момче.
Ти благодарам храбра моја.
Ти благодарам насмеана моја.
Ти благодарам добра моја.
Ти благодарам девојче мое.
Ти благодарам што децата и семејството ти се пред сѐ.
Немам зборови за да ти се заблагодарам колку што ти заслужуваш и никој не е повеќе нечиј колку што си ти моја, а јас твој.
И понатаму сум повеќе твој, отколку свој!
Старееме!
Те сакам!“
Инаку, Јован заедно се ќерката Ѓурѓа која во јуни ќе наполни една година, утрово ја однесоа пејачката Марија во болница, а според првичните информации породувањето поминало во најдобар ред.
Марија претходно зборуваше дека имала долга борба за потомство, па пред да ја роди ќерката Ѓурѓа имала 3 спонтани абортуси.
Б. С. Б. | Црнобело