Потресен вирален статус од Србија: „Влезе во својата училница. Не се врати дома од училиште. И нема да се врати никогаш“

„Уште само 5 минути. Потоа стана, ги изми забите и го спакува сендвичот, кој мајка ѝ го направи. Нејзиниот омилен. Влезе во своето училиште, во својата училница, седна во својата клупа. Со своите другарчиња...“

potresen-viralen-status-od-srbija-vleze-vo-svojata-uchilnica-ne-se-vrati-doma-od-uchilishte-i-nema-da-se-vrati-nikogash-01.jpg

Од вчера (03.05) Србија ги живее своите најмрачни денови. Цел регион го потресе веста дека седмоодделенец во белградско училиште уби 8 соученици и еден возрасен.

На социјалните мрежи осамнаа низа потресни статуси, но еден се споделува вирално.

Емотивниот вирален статус од Србија:

„Уште само 5 минути. Потоа стана, ги изми забите и го спакува сендвичот, кој мајка ѝ го направи. Нејзиниот омилен.

Влезе во своето училиште, во својата училница, седна во својата клупа. Со своите другарчиња.

Гласот сè уште ѝ бил утрински засипнат, не стигнала да раскаже каде била за 1-ви мај. Не го изела ниту сендвичот.

Не се вратила дома од училиште. И нема да се врати никогаш.

potresen-viralen-status-od-srbija-vleze-vo-svojata-uchilnica-ne-se-vrati-doma-od-uchilishte-i-nema-da-se-vrati-nikogash-02.jpg

И навистина не ми е грижа каде погреши системот. И како да е важно кој е виновен. Ако ти е потребен одговор...

Еве го.

Пред да почнеш да вперуваш прст во другите, може сепак прво треба да го ставиш на чело.

И да го прашаш оној малиот молчеливиот од соседството каков му беше денот. И на неа да ѝ кажеш како феноменално ѝ стојат очилата со диоптрија. И кога дете ти раскажува што му се случило, ти навистина да го слушаш.

Затоа што сè ќе биде во ред. Сè додека еден ден не биде“.

Прочитајте и Вирален статус на Македонец по грозоморниот чин во Србија: „Само продолжете да ги славите криминалците и ‘Задруга’“

С. С. | Црнобелофото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Конечно дома“ – Марија Шерифовиќ со синот се врати во Србија „Ајде дома“ – возбудено вели во едно од видеата Марија Шерифовиќ на кое се гледа...
Милје, машина за шиење: Kуќата на една бабичка (83) од Србија ќе ви врати спомени „Мојата баба е жена која има 83 години и иако не се школувала доволно, таа е инт...
Вирално видео на Србинка: „Јас сум заменик директорка и сум патлиџан турист – со себе носам макарони... „Многу од вас мислат дека ви требаат многу пари за одмор, дека мора да можете да...
Србинка во солзи: „Ова ти е Америка - работиш за да умреш сам“ „Ова ви е Америка. Моментално сум пред болница. Моја колешка од работа која има ...
По судењата против професорот кој ја силувал, Милена Радуловиќ во Шпанија – ја освои публиката, ужив... Глуми девојка со лузна, чија единствена цел е одмазда. Во слободно време ужива н...
„Запознав психопати кои пробаа да ме скршат“ - Нина Бадриќ искрена, откако маж ја демнеше 2 години „Ме уценувале, сум доживувала неправди и обиди за застрашување од моќни мажи. Су...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg