Игор Џамбазов, Николина Пишек: Познатите личности со потресни објави по грозоморниот чин што ја потресе Србија
Николина Пишек
„Мое сочувство до сите семејства на настраданите. За жал, и јас познавам некои. Се молам за нив.
Ужас и морници ми минуваат затоа што и моето дете сега ќе беше ова училиште, ако не одлучевме поинаку. Благодарна сум на тоа“.
Јована Јеремиќ
„Сочувство до сите семејства. Ова ме потресе многу поради сите работи од моето минато и ТРАУМИТЕ кои ги носам до ден денес во душата, а поврзани се со училиштето. Умрев по вторпат денес.
Во своите емисии постојано зборувам за односите на врсниците, за физичкото и психичкото насилство во основните и средните училишта. Требаше повеќе да инсистирам. Душата ми плаче“.
Луна Џогани
Белград 03.05.2023
Слоба Радановиќ
„Незапомнета трагедија. Сочувство до семејствата на настраданите.
Се молиме за оние кои се ранети. Ова е страшно.
Душата ме боли за децата, не можам да дојдам на себе. Сè што се случува во денешниот свет е лошо. Денешниот свет е лош.
Лоши примери, лоша музика, лошо воспитување, лоши филмови, емисии, лоши видео игри. Ништо не е во ред!
Ривалството помеѓу децата е поголемо од кога било. Натпреварување кој има подобар телефон, патики, лајкови. Наставникот повеќе нема авторитет врз децата. Децата денес се авторитет и дома и во образовните институции.
Незаинтересирани родители, кои кога и да можат на децата им даваат телефон, за да не треба да се потрудат да ги забавуваат.
На децата им е испран мозокот. Ова е најлош ден откако знам за себе. Децата се чуваат и во децата се вложува. Порака за сите!“
С. С. | Црнобело / фото: Инстаграм