Илма Карахмет од талентирано девојче на X-фактор до 23-годишна мажена дама - како го прослави роденденот?
- Детали
- среда, 03 мај 2023
Некогашното мало и мегаталентирано девојче, сега го прослави својот 23-ти роденден и во бел костим изгледа како вистинска дама. Илма, која се омажи на 18 години, до денес важи за еден од најмоќните вокали во регионот.
Ако го гледавте шоуто X-Фактор, сигурно се сеќавате на малата мегаталентирана Илма Карахмет од Босна и Херцеговина. Таа беше дел од натпреварувањето во 2013-та година кога победи нашиот Даниел Кајмакоски.
На само 13 години ова девојче покажа неверојатни гласовни способности и го воодушеви регионот.
Во меѓувреме, Илма ја продолжи својата пејачка кариера, а во 2018-та година на свои 18 години стапи во брак со Седин Лакач.
https://www.instagram.com/p/CLU01kGDsQ-/
Сега (02.05), таа го прослави својот 23-ти роденден и во бел костим изгледа како вистинска дама.
Илма има низа хитови зад себе, а со својот глас ги освои и познатите канадски модни дизајнери, близнаците Дин и Ден од модниот бренд Dsquared2 и неколкупати досега пееше на нивни забави.
Таа беше задолжена и за првиот танц на Македонката Душица со хрватскиот ракометар Игор Карачиќ.
Роденденската атмосфера на 23-иот роденден на Илма:
https://www.instagram.com/p/CrwDAI7oDgd/
https://www.instagram.com/p/CrvvxsoINQ9/