„Тој почина, а таа сè уште му пишува писма“ - Јосипа Лисац и Карло Метикош, најтрагичната љубовна приказна во Југославија
- Детали
- сабота, 13 мај 2023
Љубовната приказна на Јосипа Лисац и Карло Метикош започна во 1971 година... Карло дотогаш градеше светска кариера под името Мет Колинс, имаше армија обожавателки и 20-тина раскинати свршувачки со грофици, манекенки, стјуардеси, а Јосипа, пак, само што почна да привлекува внимание како првата вистинска југословенска рокенрол дива.
Љубовната приказна на Јосипа Лисац и Карло Метикош е безвременска, барем така вели хрватската пејачка која никогаш не се омажи за својот сакан, но и покрај тоа, по неговата смрт, таа никогаш повторно не се заљуби и не престана да тагува по него.
Јосипа и Карло секогаш изјавуваа дека само се запознале, се погледнале и никогаш повеќе не се разделиле.
32 години по неговата смрт, Јосипа и понатаму му пишува писма и му го посветува секој концерт нему и на нивната љубов, за која вели дека сè уште е жива.
„Не ми се допаѓа зборот ‘сеќавање’, бидејќи цело време во себе ги носам сите наши заеднички моменти, слики и ситуации. И не само што се во мене, јас ги пренесувам...
А нашата љубов сè уште е тука и нејзиното присуство постојано ме облагородува“, рече во една пригода Јосипа.
Љубовната приказна на Јосипа и Карло започна во 1971 година.
Тој дотогаш градеше светска кариера под името Мет Колинс, имаше армија обожавателки и 20-тина раскинати свршувачки со грофици, манекенки, стјуардеси...
Таа, пак, само што почна да привлекува внимание како првата вистинска Југословенска рокенрол дива.
Иако беа животни партнери, Јосипа и Карло никогаш не се венчаа.
„Во бракот го губиш идентитетот, а јас не можев да поднесам некој да ме нарече жена. За Карло никогаш не сум му била жена, само Јосипа“, рече во едно интервју славната пејачка.