Има завршено два факултетa, се очекува да биде кума на свадбата на Анастасија Ражнатовиќ – Која е Тара Милутиновиќ?
- Детали
- понеделник, 01 мај 2023
Анастасија и Тара се блиски пријателки со години, а се очекува дека убавата српска актерка ќе биде кума на свадбата на нејзината најдобра другарка со Немања Гудељ. Која е Тара Милутиновиќ?
Веста за свадбата на Анастасија Ражнатовиќ е топ тема во сите српски медиуми.
Според пишувањата во дел од медиумите, годинава Анастасија и Немања Гудељ ќе направат интимна церемонија за пријателите и најблиските, а следната година ќе приредат голема прослава. Целта им е нивното дете да го носи презимето Гудељ и веднаш да добие државјанство.
Освен што се споделуваат детали за свадбата и бременоста, низ медиумите веќе се шират гласини за тоа која другарка на Анастасија ќе биде кума на свадбата.
Се очекува таа улога да ѝ припадне на Тара Милутиновиќ, младата актерка, која е една од најдобрите другарки на ќерката на Цеца.
Тара присуствуваше на свадбата на Вељко Ражнатовиќ и Богдана, како и на голем број прослави што ги приредило семејството Ражнатовиќ. Познато е дека Анастасија и Тара за себе велат дека се како сестри, а честопати споделуваат заеднички фотографии.
„Таа ми е најдобра другарка. Утре ќе ми биде и кума на венчавката. За неа ништо не ми е тешко да направам. Се знаеме и се дружиме уште кога имав 12 години. Тара, на пример, целиот свој живот го стави на пауза за да ми се посвети мене, кога дознав дека имам корона“ – рече во една прилика Анастасија.
Освен што е другарка на Анастасија, Тара во Србија е актуелна и со улогите во неколку српски ТВ серии и филмови. Таа се појавува во сериите „Шетња са лавом“ и „Време зла“, а брзо ја освои публиката со својот извонреден актерски талент.
Со впечатливите зелени очи и извајаното тело, Тара е вистинска убавица, а освен со физичкиот изглед може да се пофали и со тоа што завршила два факултетa. Во нејзината официјална биографија стои дека завршила Економски факултет и Факултет за драмски уметности.
„Прво завршив економија, го сакав тоа, но имав погрешна слика за тоа како ќе изгледа моето работно место. Бев многу млада, немав ниту 17 години кога се запишав на факултет и себеси се гледав како успешна жена.
Кога се вработив, бев многу несреќна со работата во канцеларија, па почувствував дека така побегнав од себе.
Се сетив како се чувствував како мала и сфатив дека многу сакам да глумам. Ѝ реков на мајка ми дека морам тоа да го направам, а таа целосно ме поддржа во одлуката“ – рече таа во една прилика.
Инаку, Тара потекнува од познато српско семејство, но за разлика од семејството на Анастасија, нејзините родители сакаат својата приватност да ја чуваат подалеку од очите на јавноста.
Таа е внука на српскиот фудбалски тренер Велибор Бора Милутиновиќ, кој важи за вистинска фудбалска легенда, а е ќерка на познатата српска ТВ водителка Драгана Милиќевиќ и на фудбалерот Урош Милутиновиќ.
Тара редовно објавува фотографии на својот Инстаграм профил на кои плени со својата убавина.