„Идентична копија на татко ѝ“ – Коментари за фотката со која Лука Модриќ ѝ го честита роденденот на ќерката
- Детали
- среда, 26 април 2023
„Каков татко, таква ќерка“, „Цела е на татко ѝ“ – стои во дел од коментарите до фотографијата што Лука Модриќ ја објави за да ѝ го честита роденденот на ќерката Ема.
Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ (37) вчера на Инстаграм објави фотографија со која ѝ го честита 10-иот роденден на неговата ќерка Ема.
„10 е посебен број исто како што си ти! Среќен 10-ти роденден. Ти си ми сѐ! Те сакам премногу“ – напиша тој до фотографијата.
Бројот 10 навистина е посебен за Лука Модриќ, затоа што истиот го носи на дресот додека настапува на терен.
Инаку, голем број од неговите обожаватели од целиот свет побрзаа да упатат честитки до семејството, а некои од нив и коментираа за големата сличност што постои меѓу таткото и ќерката.
„Идентична копија на татко ѝ“, „Колку личи на татко ѝ“, „Големиот Модриќ и малиот Модриќ“, „Леле, колку личи на татко ѝ, иста уста, исти очи...“, „Каков татко, таква ќерка“, „Цела е на татко ѝ“ – стои во дел од коментарите, упатени од неговите следбеници од целиот свет.
За потсетување, фудбалерот на фудбалскиот клуб „Реал Мадрид“, веќе 13 години е во брак со сопругата Вања, со која има 3 деца.
Освен ќерката Ема, тој го има и синот Ивано (12) и ќерката Софија (5). Често знае да каже дека семејството му е на прво место, а децата му се најважните трофеи.
Освен големиот број фотографии од своите настапи, Лука на социјалните мрежи редовно споделува и семејни моменти.
Погледнете дел од нив во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело