Јелена Гавриловиќ (40) е една од најубавите Србинки - учествуваше во ТЛЗП со Елена Ристеска
- Детали
- четврток, 04 мај 2023
Се сеќавате ли кога во 2014 година нашата Елена Ристеска нè претставуваше во ТЛЗП? Покрај неа имаше и една прекрасна Србинка од 179 сантиметри, која на сите им остави впечаток – Јелена Гавриловиќ.
Актерката Јелена Гавриловиќ е една од најубавите Србинки.
Македонската публика најмногу ја запозна во шоуто „Твоето лице звучи познато“, каде учествуваше во истата сезона заедно со нашата Елена Ристеска.
Но, таа зад себе има низа значајни филмски и театарски улоги и завидна кариера.
Родена е во 1983 година во Белград, висока е 179 сантиметри, вели дека улогата на мајка е најважната улога што една актерка треба да ја одигра во животот, но таа уште се нема реализирано во истата.
Јелена има низа љубовни врски зад неа, била и свршена, но ниту една од нив ја нема крунисано со брак.
Погледнете ја оваа прекрасна Србинка: