Најжешката еротска сцена ја сними додека беше девица, Арсен Дедиќ ѝ беше неостварена љубов – Бурниот живот на Неда Арнериќ

„Немав поим за сексуалноста и играв нешто што никогаш порано не сум го доживеала. Тогаш не знаев да водам љубов. Но, тоа беше дел од мојот занает, а сметам дека сум добра во мојот занает“, раскажа во една прилика Неда Арнериќ за првата еротска сцена што ја снимила и призна дека во тоа време била девица.

najzheshkata-erotska-scena-ja-snimi-dodeka-beshe-devica-arsen-dedikj-i-beshe-neostvarena-ljubov-burniot-zhivot-na-neda-arnerikj-01.jpg

Една од најпознатите актерки од поранешна Југославија, Неда Арнериќ, почина на 10 јануари 2020 година во Белград на 67-годишна возраст. Три години по нејзината смрт, бурниот живот на Неда и понатаму привлекува внимание.

Својот прв филм го снимила на 13 години. Глумеше во повеќе од 100 филмови, но една од најпознатите ѝ е улогата на млада жена во филмот „Ко то тамо пева?“ од 1980 година.

najzheshkata-erotska-scena-ja-snimi-dodeka-beshe-devica-arsen-dedikj-i-beshe-neostvarena-ljubov-burniot-zhivot-na-neda-arnerikj-06.jpg

Во една сцена, таа глуми невеста која првпат има секс со младоженецот додека неколку гости од свадбата ги гледаат.

Оттаму потекнува и една од најлегендарните реплики во југословенската кинематографија: „И тато би сакал, сине“.

Неколку години потоа Неда сними една од најексплицитните сцени во историјата на југословенската кинематографија, во филмот „Хаола – празник курви“ на Лордан Зафрановиќ.

najzheshkata-erotska-scena-ja-snimi-dodeka-beshe-devica-arsen-dedikj-i-beshe-neostvarena-ljubov-burniot-zhivot-na-neda-arnerikj-08.jpgфото: Принтскрин Јутјуб

За улогата на Мајра во овој филм, актерката ја доби наградата „Златната арена“ во Пула.

Филмот го следи животот на брачна двојка од Германија која доаѓа на одмор во Хрватска, на островот Хвар. Таму Мајра, која е мажена за многу постариот Манфред, почнува љубовна врска со синот на газдарицата на куќата.

najzheshkata-erotska-scena-ja-snimi-dodeka-beshe-devica-arsen-dedikj-i-beshe-neostvarena-ljubov-burniot-zhivot-na-neda-arnerikj-10.jpgфото: Принтскрин Јутјуб

Многу години подоцна, во интервју Неда призна дека била девица кога ја снимила секс сцената која влезе во историјата.

„Немав поим за сексуалноста и играв нешто што никогаш порано не сум го доживеала. Многу рано научив дека снимањето филм е работа што треба сериозно да се работи во договор со режисерот.

Во сценариото, на пример, пишуваше: „Се будат наутро и откако водат љубов, приказната започнува“. Тогаш не знаев ни да водам љубов. Тоа беше дел од мојот занает, а сметам дека сум добра во мојот занает“, рекла Арнериќ.

najzheshkata-erotska-scena-ja-snimi-dodeka-beshe-devica-arsen-dedikj-i-beshe-neostvarena-ljubov-burniot-zhivot-na-neda-arnerikj-03.jpgфото: Принтскрин Јутјуб

Оваа секс-сцена и денес се смета за една од најжешките во југословеската кинематографија. Во тоа време медиумите пишуваа дека е толку експилицитна што родителите им ги покриваа очите на децата кога ја даваа на телевизија.

Неда се мажеше трипати. Првиот брак беше со колегата Дејан Караклајиќ, кого го запозна на снимање, вториот со актерот Раде Марковиќ, кој беше 32 години постар од неа.

najzheshkata-erotska-scena-ja-snimi-dodeka-beshe-devica-arsen-dedikj-i-beshe-neostvarena-ljubov-burniot-zhivot-na-neda-arnerikj-05.jpeg

Последен сопруг ѝ беше хирургот Милорад Мешовиќ, со кого беше 37 години во брак, сè до неговата смрт во 2018 година.

Во текот на бракот со него, Неда призна дека единствената желба што никогаш не им се исполнила, е да станат родители.

najzheshkata-erotska-scena-ja-snimi-dodeka-beshe-devica-arsen-dedikj-i-beshe-neostvarena-ljubov-burniot-zhivot-na-neda-arnerikj-11.jpg

Но, јавноста беше фасцинирана и од нејзината неостварена љубов со пејачот Арсен Дедиќ.

Неда неколкупати призна и дека била вљубена во познатиот музичар, но дека меѓу нив никогаш немало ништо.

najzheshkata-erotska-scena-ja-snimi-dodeka-beshe-devica-arsen-dedikj-i-beshe-neostvarena-ljubov-burniot-zhivot-na-neda-arnerikj-02.jpg

Кога го запознала Арсен, Неда имала само 15 години. Тие заедно глумеа во филмот „Вишња на Ташмајдану“.

„Тој е еден од ретките мажи во кои се заљубив и немаше ништо меѓу нас и тоа само затоа што неговата уметност стоеше меѓу нас.

Тешко ми е да зборувам за него, особено додека ги слушам капките дожд. Не сакам да бидам патетична бидејќи за тоа нема место во разговорот за Арсен.

najzheshkata-erotska-scena-ja-snimi-dodeka-beshe-devica-arsen-dedikj-i-beshe-neostvarena-ljubov-burniot-zhivot-na-neda-arnerikj-09.jpg

Кога беше млад, пред Габи, имаше по две девојки во секој град, а неговата уметност ми пречеше.

Тој тогаш беше двојно постар од мене, што е голема разлика во години за една девојка, иако таквите врски се модерни денес““, рекла таа за српските медиуми во 2015 година, веднаш по смртта на уметникот.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Стефан Ѓуриќ Раста се кае за грешките од минатото: „Ќерка ми има трауми од периодот додека бев во за... „Многу ми значи односот со Тара, затоа што ние двајца заедно растеме и поминувам...
Бившата му родила син, додека тој бил во врска со друга – Љубовниот живот на Лука Јовиќ е како шпанс... Јавноста дозна дека на 22 години Лука Јовиќ стана татко и доби син, а само 4 мес...
Факти за актерот Енгин Акјурек: Важи за најпосакуван турски ерген, „обвинет“ е за разводот на Демет ... Важи за најубавиот маж во светот, но самиот тврди дека не е опседнат со сопствен...
Опасни животни што живеат во плитките води во грчките мориња – на што треба да внимавате? Освен што треба да се пазите од виолетови медузи и дракони, треба да внимавате и...
Милош Биковиќ доби син: „Дури откако ќе станеш родител почнуваш да растеш“ „Ние прво мислиме дека треба да пораснеме за да добиеме дете, но тука има една с...
Се родил без знаци на живот, мислеле дека ќе има трајни последици – Како изгледа денес постариот бра... Познато е дека српскиот музичар Михајло Веруовиќ Војаж ретко споделува детали од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg