Северина го прослави 51-иот роденден во заводлив краток фустан и со гламурозна забава (фото)
- Детали
- недела, 23 април 2023
Во друштво на блиските пријатели и синот Александар, Северина го прослави 51-иот роденден со гламурозна забава во ресторан во Загреб. Со краткиот розов фустан, пејачката покажа дека изгледа одлично и во шестата деценија од животот.
Хрватската пејачка Северина на 21-ви април наполни 51 година, а роденденот го прослави во ресторан во Загреб.
Во друштво на блиски пријатели, соработници, како и синот Александар, пејачката направи гламурозна забава.
За пригодата, Северина избрала краток розов фустан со кој покажа дека изгледа неверојатно и во шестата деценија од животот.
Декорациите во ресторанот беа во тон со стајлингот на пејачката, а тортата на три ката беше украсена со фотографии и овошје.
Повеќе фотки од роденденот на Северина:
Спирова С. | Црнобело