Го победи ракот, фановите ја мразеа која ја замени Мерием Узерли во „Сулејман Величествениот“ - Факти за актерката Вахиде Перчин
- Детали
- недела, 07 мај 2023
Турската актерка Вахиде Перчин (57) се стекна со светска популарност кога ја доби улогата на Хурем султан во хит-серијата „Величествениот“ и ја замени Мерием Узерли. Иако оваа улога беше добра за нејзината кариера, на почетокот се покажа како лоша за Вахиде, бидејќи актерката секојдневно добиваше пораки од фановите на серијата кои ѝ пишуваа дека ја мразат.
Вахиде Перчин денес важи за многу позната и почитувана турска актерка. Својот раскошен талент го покажа во бројни филмови, серии и театарски претстави.
Освои и неколку награди, а своето знаење и актерските вештини денес ги пренесува на младите глумци во школата што ја основа со нејзиниот поранешен сопруг, Алтан Гордум.
Вахиде и Алтан се венчаа 1991 година. Од бракот ја добија ќерката Ализа. Но, поради големи проблеми меѓу нив, тие се разведоа во 2013 година.
Иако стекна слава и успех, животот на Вахиде ѝ донесе и некои неубави моменти.
Пред 12 години на актерката ѝ беше дијагностициран рак на дојката.
Додека се лекуваше, таа направи пауза во кариерата, но, многу брзо се врати на снимањето филмови и серии.
Десет години откако го победи ракот, во 2020 година, таа повторно се појави во јавноста со кратка коса, па луѓето помислија дека болеста ѝ се вратила.
Таа беше фотографирана со нејзиниот поранешен сопруг во областа Етилер, но многумина не ја препознаа.
Фото: Фејсбук
На новинарско прашање дали ѝ се врати болеста со која се соочи пред 10 години, Вахиде рече дека сè е во ред со нејзиното здравје.
„Луѓето прво се лечат од рак, потоа се шишаат, а не обратно, така што нема причина за грижа. Моето здравје е добро“ – изјави тогаш Вахиде за медиумите.