Србин открива: „Бев на локален остров на Малдиви - прекрасно, но и грдо“
- Детали
- среда, 19 април 2023
„Малдиви ги опишува една реченица – прекрасно, но и грдо. Желбата ми беше да го видам Малдиви од секој агол и да ви го прикажам вам...“, вели српскиот инфлуенсер Владимир Звекиќ – Веселнин.
Владимир Звекиќ - Веселнин е познат српски инфлуенсер со повеќе од 320.000 следбеници кој периодов престојува на Малдиви.
Тој е сместен на локалниот остров Мафуши и ја открива не само бајковитата страна на Малдиви, туку и онаа помалку убавата.
Веселин покрај тиркизна вода и рајски плажи на островот, каде живеат и локалци, открива и шут и отпад и сцени непријатни за очите на туристите.
„Малдиви гo опишува една реченица – прекрасно, но и грдо“, напиша тој во описот на видеото каде прави споредба Инстаграм vs. Реалност.
Но, по низата критики дека тоа не е така, особено не на приватните острови со ексклузивни ресорти, тој нагласи дека говори за локален остров, а сподели и:
„Желбата ми беше да го видам Малдиви од секој агол и да ви го прикажам вам, а не да се жалам. Јас тука би живеел... Во секој случај ви ги давам потребните информации“.
Потоа, Веселин сподели уште кадри од Maлдиви:
С. С. | Црнобело