Ексцентрична убавица со пирсинг и тетоважи – Како изгледа сопругата на турскиот актер познат како Мемати Баш од „Долина на волците“?
- Детали
- недела, 23 април 2023
Го запознавме по улогата на Мемати Баш во турската серија „Долина на волците“, а турскиот актер Гуркан Ујгун игра и во првата сезона од серијата „50m2“ што се емитува на Нетфликс. Додека на малите екрани најчесто игра улоги на криминалци, во приватниот живот тој е грижлив сопруг и татко, кој не се срамеше да ја носи чантата на сопругата или да се пофали како си игра со децата.
Македонската публика го запозна по улогата на Мемати Баш во серијата „Долина на волците“, во која 9 години ја играше улогата на темпераментниот лик, а по завршувањето на серијата Гуркан ја продолжи својата актерска кариера.
Гуркан е роден во 1974-та година во турскиот град Измит. Неговото семејство е со потекло од Грузија, а уште како средношколец почнал да се занимава со театар.
По ова одлучил да запише студии по глума, а првите телевизиски улоги ги добил во далечната 1996-та година. Најголема слава ќе стекне со серијата „Долина на волците“, а потоа ќе игра и во повеќе други серии меѓу кои највпечатливи му се улогите во „Сулејман величествениот“ и „50m2“.
На приватен план, Гуркан од 2008-ма година е во брак со Шебнем Џејлан, позната и како Шебнем Ајгун, со која има 3 деца. Во 2008-ма парот ја доби ќерката Михрибан Балим, во 2010-та синот Атеш, а во 2021-ва синот Мави.
Сопругата на Гуркан, Шебнем ретко се појавува во јавност, а за неа се знае дека студирала банкарство и осигурување во Истанбул.
За неа се знае дека учествувала во познато реално шоу во Турција на почетокот на 2000-тите години, а каде и да се појави привлекува внимание со својата убавина и азурно сините очи.
Исто така, Шебнем привлекува внимание и со тетоважите на нејзиното тело. Таа на грбот има крилја од ангел, на вратот има тетоважа од името на нејзиниот сопруг, а на усната има пирсинг.
Од фотографиите што Гуркан ги објавува на социјалните мрежи може да се види дека тој во домот е сосема поинаков од улогите што ги игра.
Па така во голем број од нив актерот си игра со своите деца и миленичето, ги учи да свират пијано, се забавува со нив, а дел од папараците го уловија и како ѝ ја носи чантата на сопругата, во периодот кога таа беше бремена.