Вљубената Данијела Мартиновиќ (51) повторно направи моден погодок во шоуто „Ѕвездите пеат“ (фото)
- Детали
- вторник, 18 април 2023
„Јосип и јас сме многу повеќе од само убав пар. Неверојатно сум среќна. Јосип е моето безбедно пристаниште...“, вели Данијела Мартиновиќ (51) за саканиот, која блеска како дел од жирито на хрватското музичко шоу „Ѕвездите пеат“ (Zvijezde pjevaju), и е исполнета и на приватен и на професионален план, по разделбата со Петар Грашо.
Данијела Мартиновиќ (51) е дел од жирито на хрватското музичко шоу „Ѕвездите пеат“ (Zvijezde pjevaju) и во секое ново издание таа одржува модна лекција.
Приватно исполета и вљубена, но и инспирирана од одличното шоу, таа се труди максимално за секоја модна комбинација.
Во најновото издание, хрватската пејачка се појави во елегантна сино-розова креација со нежни бранови во косата и впечатливи обетки.
Данијела веќе извесен период ужива во врската со криминалистичкиот инспектор Јосип Плавиќ за кого неодамна изјави:
„Јосип и јас сме многу повеќе од само убав пар. Но, по прашање на приватниот живот не сум баш многу по зборувањето, но неверојатно сум среќна. Јосип е моето безбедно пристаниште“.
Модниот погодок на Данијела:
Претходно ја видовме во уште неколку впечатливи модни изданија:
С. С. | Црнобело